Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949

Драга Кајгана,

Дојде моментот да ја споделам песнава која долго време стои на мојот ЈуТјуб профил, ама конечно си доби на значење.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Сакам психички одмор од се.... буквално од се.
Трудот почна да ми се вреднува....ама па толку форсирање од сите страни е многу нападно и заморува.....ме тера да мислам дека ова што изгледа like the dreams come true е малку претерано и дека брзо ќе згасне. Уште еден месец до плажа, спас од лажните овдешни фаци и далеку од се. Едвај чекам, мислам дека таму ќе се одморам психички иако физички ќе се преморам, но тој замор не е битен. Дада многу ме пази. Убаво ми е кај неа на гости. Таква трудничка ми внесува среќа во мојов моментално монотон живот на приватен план. Лошо ми е од што сум прејадена, уште овошнава салата и толку не бутам веќе:).
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Драга,
Те молам ако не ти е тешко извади ми го ножот од грбов

некако ми предизвикува нелагодност. Драга луѓето се пички во душа, продадени газови и за пари ќе си ја продадат и сопствената мајка.
Повторно ќе ме побараш, тогаш ќе го видиш лицето кое никогаш не си го видела другарке моја, ти посакувам се најдобро во животот. А јас и ова ќе го преживеам, како знам и умеам.
ЈАС ке го извадам, оставија драга и онака е сенилна баба што после 5 минути од како ке и кажеш заборава :)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
163
Поени од реакции
323
Драга, не е добро секогаш да даваш втора шанса. Тоа е исто како на непријателот да му дадеш уште еден куршум за пиштол бидејќи со првиот те промашил... Лажни пријатели не ми се потребни.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Кајги,
Зашто кога нешто ќе тргне, за кратко време се надолу ми оди, се чувствувам ужасно, никој не ме сака, на сите товар сум им, камо таа среќа да ја имам да одам некаде далеку и повеќе никогаш да не се вратам:place:
 
П

Пепси_

Гостин
Традиција е изгледа во моето маало да се кидне што подалеку,5-6 ја киднааа следен сум јас ваљда. :D :cool: amin
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
не знаеш колку се нервирам кога луѓето не се од збор. :mad: Вчера убаво се договоривме сите да идеме и на крај останавме само две - па не е фер. Не дека ни беше лошо, ама сепак, планиравме да сме повеќе.
Денес, поминав квалитетно време со татко ми и супер беше. Сама знаеш дека сум татино дете, не дека не сум на мајка ми, ама со него си имам посебно разбирање. И пази што ми вика: „Дете, знаеш дека кога се роди ме излажаа дека имаш плави очи како моите, а мене од радост не ми текна дека мајка ти има плави очи, а не јас“. :pos: И морав да го утешам, па му реков да не се секира што не личиме толку, затоа што ние повеќе си се дружиме. :pipi:
После дојде внука ми и ми вика дека за натпревар требало да нацртаат јајце во Power Point и да го пратат на некоја е-адреса. :facepalm: И викам дека кога јас бев на нејзини години, Power Point ни беа четка, блок и темперни бои, таа не ми верува. Ама тоа е, се менува времето. :tapp:
И така, Драга денов, непланирано, излезе многу исполнет. :)
Ајде поздрав
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.954
Поени од реакции
73.756
Кајгано, ме бие некоја страшна нервоза :mad:
I'm not in my happy place now...
Well да ти се исповедам, ама незнам од кај да почнам.
Се почна со ебаната семинарска :mad:
Ми го уништи викендот, два дена седам затворен, скренав, а не сум ни до пола дојден :mad: Очиве ми солзат од компјутеров, ама мора да ја направам до понеделник :unsure:
Како бе можеше најретардираната тема на светот да ми падне :place:
Генерализирани адитивни модели :unsure:
Најмалку матријал имам, почнале една реченица и следното е види во книгата од ХХХ, а хау д фак да ја најдам таа книга кога ја нема на нет :mad:
А кај другите се ескоцкано, само да се преведе, а јас барам како улав...
А и преводот :facepalm:
Ти ебам гугл транслејот...
Како да го преведам зборот smoother :oops:
Зборот spline :oops: Го преведува како ШПОН :pos: Bitch please шпон во мојот речник има друго значење :icon_mrgr:
Двата дена од викендов пропуштив да искочам со женска ми...
И да ми биде потешко вечерва едно 10 пати ми се јави да ме моли и јас да дојдам со нејзе и другарките и нивните дечковци во некое рандом диско...
Кој кретен сум да ти ебам, го одбивм девојчето за една семинарска :tapp:
Одговорност на максимум ниво, не смеам да попуштам на крајов (y)
Али колку сум продуктивен што да ти кажам...
Душава ми плаче да искочам, да сум во нејзини прегратки сега, ама тоа е тоа...
Ајде после неколку пати одбивање, викам ај ќе се спремам на брзака и ќе искочам.
Ако сабајле личев на Холивудски актер :icon_mrgr:, сега личам на некој што 100 дена бил затворен во лудница...
Реков ајде, од компјутеров е, ќе ми се избистрат оочиве...
Отварам да видам облека, и нема ништо соодветно што е испрано :unsure:
Јебига, и за мене е премногу да се појавам како клошар...
Не иде секојпат јас да бидам облечен во дуксер ко на натпревар да идам, а женска ми пицната...
Тоа е, не ми се носат ебани кошули и џемпери :mad:
Ма ќе идев и со моменталниов дуксер, да немав на него повеќе мачешки влакна отколку влакна на главава...
Мачоров се митари ко збрлавен, го тепа кој стигне, цело време изигравам спасител во двор...
Страшна енергија е собрана во мене... :icon_mrgr:
Ми треба утакмица за да се ослободам...
Ама ИДИОТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗАБРАНИ ГОСТУВАЊА :tapp:
Кола немам, незнам ни да возам, а карта за воз за Кичево каде што играме утре е ебани 330 денари :unsure: Кај да најдам толку пари o_O
Неисе...
Реков и така не сум продуктивен, дај бар малку ќе шетнам низ маало со другариве...
И ете ти нормално они си иксочиле веќе, кој со женска, кој со друго друштво, па реков ќе ја побарам најдобрата другарка.
И се јавувам, и ми вика извини неможам да искочам ми дојдоа дома другарките од факс :place:
Абе кога ќе се погоди на неарно, погодено е...
Се ме нервира. И да искочам сега, тепачка не ми бега (n)
Ќе полудам, нека помине периодов што побрзо.
Дефинитивно овој период од годината ми е најтрагичен, секогаш ме тера на правење негативни работи :mad:
Време е да дојде златното лето и да почнам да спијам на игралиште. Таман огреа сонце, фрлив зимска облека, облеков кратките и земав баскетот под рака, и одма времево ме демотивираше.
Доста е! :mad:
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
... најавна шпица.

Нели е душичка? Ме прави најсреќен на светот! <3 Фала ти :**

... одјавна шпица.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.242
Кајгич :love:

Имам таканаречена "жешка точка" и тоа секако не во еротска смисла, називот си го користам за точка на вриење.Тешко достигнува вриење ама моментално е на 100 степени, тежок ден се исправи пред мене.
Не сакам да собирам се во мене и толку многу да ме боли.
- Сакам да плачам, да урлам, да викам, да се издерам.
- Сакам да помине и си ја сакам назад среќната јас.
- Сакам до мене да не допира ништо и никој.
- Сакам да се променам.
- Сакам да не се уништувам заради мојата емотивност и високи очекувања од луѓето.
- Сакам да можам да се надевам на многу, но да очекувам малку.
По се изгледа дека многу сакам бе Кајги:cautious:
Јас не сум светица или добра вила, ама изгледа дека пречистата искреност е еднаква на највалканата лага.
Мојот одбрамбен систем им испраќа погрешна порака на луѓето, се плашат од мене затоа можеби никогаш вистински не ме запознале.

П.С,, премногу си ги сакам ѕвездите, за да ја мразам ноќта:cautious:
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Драга кајгана,прво малку ми е необично што му се обраќам на инт портал за моите стравови,ама ајт.

Деновиве занемарив учење,што поради ракомет што поради мрза,најмногу поради фактот што во последно време се договарам со една другарка да организираме за првпат jpop/jrock журка во Македонија.Конечно нешто ново да се јави на нашата сцена,само дал ќе се оствари како треба.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Да завршам работа сеа и ти ветувам дека ќе се оддалечам од марксизам некое време. Ме плаши мојата реакција особено на теоријата на Алтузер :cautious:
 
M

Moon Child

Гостин
Еј драга, кога ќе видам кој се се идентификува како Гемиџија ми иде да си треснам еден таков екстрим фејспалм што раката ќе ми излезе од другата страна на главата. Сериозно, Гемиџиите се превртуваат в гроб.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Кајги

Од денеска официјално ги откажвам цигарите. И „свечено“ и ја предадов кутијата на мама -.- денес дознала...
И без то планирав да ги мафнам, ама сега зборот е поцврст.

А настрана од ова.. на моменти се осеќам многу глупо. Ко да сум тргната по некој глуп пат, шо ме отупвит. Не знам шо сакам, одам ко мува без гла. Можда ми требаше то колку да искулирам, ама претервам.

Колку шо глумам самостојна, толку и не сум. Ми се скрши филмот за типот шо го свиѓам само пошо мама ми рече дека не е убав -.-

Супер, ти напрајв глуп муабет, а? Убо ај, потрпи ме заради годиниве... не за друго, туку и ние новиве генерации знајш глупи сме и не мојме за нешто друго да прајме муабет.

5 пати го употребив зборот глуп во еден краток пост. нешто не ќе да е на арно :D

ај поздрав сега :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Кај ти отиде трач-темата посветена на Кание и Ким т.е. Кимие? Пред некој час ја видов и не стигнав да ја отворам, а сега гледам ја нема. Кој би избришал таква сериозна тема и зошто?!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom