Драга Кајгана,
не ти пишувам многу често,т.е не ти пишувам ич.Арно ама,ете сега до тој степен сум избедиран и до толку ми е досадно и немам на кој друг да се се изнакажам,па еве тебе ти се обраќам.
Сабота 23 часот и 13 минути моментално,јас дремам дома.Веќе навика ми стана викендите да ги поминувам дома.Што ради колквиум мој,што ради на другарите,што поради тоа што се нема пари или волја за некое искачање..........како и да е, стандард секоја вечер залепен за компјутерот сум.Веќе нема ни многу луѓе на ФБ што можам да ги замарам,а инекако не ми се ни прави многу муабет веќе со луѓе.Се ми е досадно........никогаш не сум бил понепрудиктивен во животот,досадно ми е до немај каде и пак не ми се прави ништо.
Бев на кратко искочен прееска со еден од најдобрите другари и женската негова (моја добра другарка и партнерка од матура)..... со која од секогаш биле одличен пар.Како маж и жена делуваат,секогаш биле пример за добар пар.И некако ми падна глупо кога бев со нив,баш се осетив како third wheel.Тоа уште толку ме избедира (како веќе да не бев доволно down) и почнав ептен да се преиспитувам,да мислам на тоа колку сум тапа,да размишљам за многу ствари во мојов живот,за тоа колку на моменти сум бил глуп,колку ми е глупо што сум ептен сигнл,колку ми е досаден животов,на факс колку не ми се иде,зашто уопште правам се што правам и сл.. ствари.
Убиена ми е воља за било што............. се ми изгледа досадно и глупо,се чувствувам ептен осамено и депресивно.Форевер алоун левел 10000000000000000000000000000000000000 сум во моментов.
Со другарите од кога се разделивме со факултетите не сме веќе како газ и гаќи како порано во средно.
Некако навикнат бев со нив секој ден да се гледам,да си муабетиме,да ни биде ептен интересно.Па после тоа на фб или мсн да пројдеш уште неколку саати со нив.Сега ни тоа го нема како порано.
На факс е јебено досадно на предавања (овој семестар се убедливо најглупите и најдосадните предмети),а и најчесто ако најдам некој се врткам со луѓе од средно,па не се дешава нешто посебно или нешто интересно.Дури не ни идам многу веќе,ептен се успивам.........пред 11 да ме станеш нема шанси.Порано ни после цела вечер пиење и лумпување не сум станувал после 11-12.
Како што кажав,не искачам како порано.Евентуално еднаш у неделата или еднаш во две недели.
Со пари месециве стојам послабо од кога и да било во последниве неколку години.И тоа ме нервира ептен.Кај се повеќе и повеќе ми требаат,се помалку и помалку ги имам.
Женска слабо.........т.е од секогаш на ова поле било ептен тапа.Сезонски си работам на тоа поле ја,од лето до лето(бар последниве 2 години,претходно беше бетер,ни тоа го немаше).Ќе се најде по некоја неколку дена на одмор,ќе пројде одморот и пак скроз сингл до следното лето.Порано тоа ме бедираше и ми ја рушеше самодовербата..........немам женска= грд сум,глуп сум,нешто ептен ми фали,така си размишљав.....,но никогаш не сум се почувствувал баш осамено,да ми треба ептен некој покрај мене........ Арно ама сега во моментов стварно се осеќам така.
И така драга,јас сум вечерва ептен у депресија влезен.Малце ми е и глупо што се ова го пишувам по форуми,али како и да е отепав добри 30 минути пишувајќи го и средувајќи го ова.
Ваљда ќе биде боље........ај мора да биде,увек кога и да сум бил down секогаш нешто сум наоѓал што ќе ме развесели и дигне за да протуркам до следниот бед.
П.С
Дур бев најизбедиран видов ѕвезда како паѓа и си замислив желба,што си замислив не ти кажувам
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)