Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
Драга,
Бидејќи политика на форумов е забранета ќе морам овде да го искажам својот бес. Значи 29 години живеам во оваа посрана држава и неможам да поверувам дека не е мрдната ни еден чекор напред, арамија до арамија, се менува власта, а навиките остануваат. Денес излезе ревизорскиот извештај за Парламент и кабинет на Претседател и навистина излегов од кожа. Да направам компарација, имаме 35% невработено население, претежно младо кое не гледа иднина овде. Имаме стапка на сиромаштија од 30,9% на државно ниво. Имаме најскап бензин и нафта во однос со животниот стандард. Имаме автопати со кратери, необележани како да влегуваш во Тунгузија. Парното, господата од регулаторна гилотиња заедно со нивните колеги од апашката мафија во Топлификација сакале 50% да го плаќаме, оти цефките ни минеле низ станот. Струјата е толку скапа што кога ќе падне мрак се шеташ во темница за да не ти троши сијалицата. Во зимо и нема струја, али вечерта пред да стапи забраната имаше извоз од Македонија. Ако влезеш да завршиш работа по шалтерите мислиш дека ти е судниот ден. 20 години името го решаваат, не лажат со Европски интеграции и Нато сојузи, со грин филд инвестиции, најнова мода шеици ни се шетаат, а народов блее како овца. Типично мерино овца која дава најмногу волна.
И бидејќи господата кој работат во Парламетот кој работи како подмачкан за дискусии од типот празници и неработни денови, бензин потрошиле колку 13 пати да отидат до месечината и назад. Платен од нас како дневен трошок што иде до работа. А јас стојам пред бензиска и се мислам дали да ставам за 400 денари или за 500 денари. Епа господа кој земате над 60 000 денари за да си праќате секси пораки и да читате весници во Парламент би сакала да ви кажам да ви ебам се до трето колено заедно со системот во државата кој ви дозволува на наш грб цели фамилии да си се возикате и да си уживкате, да си ручате на наш грб, а платата да си ја трошите за 130 квадрати во центар на Скопје.
Причина за мојот денешен револт е покачената сметка на Радио дифузна такса од 120 на 190 денари, за натпреварот кој го гледав на македонската женска репрезентација со Франција на прва смрдена телевизија. Имале проблеми за пренос, но криви биле Французите. И на оваа скапана телевизија јас да и плаќам присилно со сметка од УЈП!

najdi koja razlika e od pred 15 godini
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
3 години сме си заедно...ај нека ни се множат ;)

п.с. нема ништо да кажувам, дојдов да си прославиме годишнина....

со почит СТАРОСЕДЕЛЕЦОТ Дарко :LOL:
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
не знаеш какво олеснување... :) Се е ок.
Инаку, си ја видов сликата од табло и можам да кажам дека со право цел живот ќе го мразам фото студиото. :icon_lol: Туку, шала на страна, за разлика од очекуваното, сликите се супер. :) Сите ги ставија на фб, само јас протестирам. :D
И така Драга, сега ќе спијам, сабајле треба рано да станам... знаеш веќе... да не објаснувам.
Песна не ти оставам, ме фати некоја мрза.
Поздрав
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Прееска, ми кажува дека сум и недостигал и сакала да ми ја види фацата и вечерва да излеземе и све.
Кајгич, знаеш што сфатив, дека сум уморен да си играм љубов. Не бе не сум фраер (далеку сум од тоа), ама нема да идам. Јбг, јас сум арогантно копиле шо ќе пати, али и она е крива.

Пред малку одбив понуда за старејко или како и да се вика. И знаеш некако се осеќам бедно, али ни он не ми е другарче (ко шо треба). Изговорот клише - пари брат, јбг. Мислам жива среќа шо беше по телефон муабетот.

Некни окапав на тој проклет телефон кога сме више кај него. Знаеш си ти де, така е кога си имаш другарче од женски пол, разговорот трае и трае и трае - со часеви, али многу си ја сакам и тука сум за неа секад. Темата Кајгич, покрај мал милионите работи, ни беше изневерување у брак. Си мислам, пошо форсирам политика на немање предрасуди, а она факинг перфектно ме познава, затоа и заглавивме толку. Можеби е погрешно, али кога станува збор за луѓе шо ги сакам, секад сум на нивна страна - дури и кога грешат. Уствари ако грешат. Знаеш па кур ме боли за некои општествено морални норми, кога луѓето шо ги сакам се среќни, зашо бе да не сум и јас среќен за нив. Така? Километри не делат , али ми треба тој , само наш разговор со неа, барем еднаш неделно. Жесток остроумен муабет - искрен до болка, со хумористични елементи , залегнати по фотељите и многуууууууууууууу алкохол. Jа сакам да знаеш бејби,пак. Нејзината песна:


Ги разбудив најубавите очи од спиење. Да, за гушкање.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Хепинес.
Ко албуНот на Hurts. Со единствена разлика што мојава уопште не боли.
Точак во 23:33 на празна Партизанска, а ечи од секаде Љубов е... Илузијааааааааа.... Каков фраерски момент доловен.

Имам чувство дека ќе ослабнам 3 кила за 1 недела.
Што знам, така.
Пауза па плеј, имаше една ретардирана песна од наша пејачка.
Ама функционира.
Чајанка со Алиша и зајаците во сабота. Нов фустан и трегери.
Чај од аронија на работа, живот со иронија генерално.

И да. Купувам книги а не ги читам.
И тоа е нешто. Бесмислено, ама е.

Добра ноќ, граду мој.
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Кајги, ќе поверуваш ако ти кажам дека сеа слушам оти свињата Ким Курдупипушијан се развела?
:pos:
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Драга, иако те изневерувам, не те напуштам. Иам еден куп проблеми, највеќе со истата тематика. Битно, сфатив што сакам, уште да го добијам :)
И рекордер сум во диспиплина Откачувања. За жал, јас не сум таа што откачува, туку сум откачената:) Веќе отрпнав. Коо 16 годишник што и се удвара на секоја втора и му маваат корпи. Еве ме мене:) Навикнав.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Кајги,
Како се изнервирав у пм сите што крадат да одат! Не може ни на фитнес човек да оди асолно да повежба, слегов да земам нешто од чанта и чудно ми падна полу отворена беше, а знам секогаш ја затворам. Потоа кога слегов да се пресоблечам ги барам парите нигде ми ги нема, кај што не работам им земам на моине, и тие само ептен кога ми треба ги трошам и уште ми ги зела некоја крава:mad: :mad: :mad: Ау значи како можат некои по туѓи ствари да фаќаат па и уште да крадат.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Дали тоа мене ми се деси конечно нешто убаво и како што треба? Уште ми ѕвони во уши некако ми делува to good to be true!!! Не ми е верно дури и да не испадне како што ми рекоа, делува позитивно и убаво на мене....СРЕЌНА после толку време исполнета и задоволна затоа што конечно некој го вреднуваше мојот труд.
Дури ни заморот не го чувствувам....
Туку настрана од тоа заглавив во кујнава.....оваа обврска со готвењево некако ме прави да заборавам дека едно време ја будев мајка ми да ми пржи јајца од што алергична бев на кујна и шпорет. Сега се фаќам себеси како ми прија и уживам така кога ќе пробам дека уствари е вкусно:vozbud:. Па не било некоја си филозофија. Ма да баба ми е замена за кувар, како тоа ми диктира како, што треба да ставам, кога треба да биде готово, па со објаснувања......шампион е:)

 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
срцке,
седам си читам на кајгана и одвреме навреме си размислувам до кога анкетава што се избацува (иако ја имам пополнето од дамна) ќе не спамира..
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Интелигенција, IQ, интелигенција, IQ ... само тоа слушам деновиве.
Многу ми се спие деновиве, незнам шо е работата.
Поради тоа, главата ми е празна..
Матура, матура, матура.. Проектната треба да ја предадам, а ми е срање.
Ти се верва дека можи на полагање да одам ? Пу,пу скраја да е.
Make the music with your mind.
Adios.
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
ептен напорен ден, ама морам да ти се пофалам дека ги имам сите можни поени на презентацијата.:vozbud:Џабе нервозите. :pipi:
Да знаеш што забележав денес :D ... ама не ти кажувам, ќе си ќутам. Чудно како ми се случуваат некои работи... секогаш кога завршувам еден дел од животот.
Инаку, стварно постојат луѓе кои не знаат да се снајдат во просторот, за жал се дружам со две такви. Цел круг свртевме за пак на истото место да стигнеме ... ќе ги убиев, ама падна добро јадење. :)
Така Драга, би ти оставила песна, ама многу се брзам... ќе ме убијат, пак каснам.
Ајде поздрав:)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Омразата кон бившите е страшна работа, но никогаш не сум мислел дека може да се пренесе и на мали деца.
Братучедка ми раскина со бившиот пред некои два месеци. Бидувајќи сингл, и' се отвори повеќе слободно време за да го чува детенцето на сестра и'. Денес ме викна за да и' правам друштво, досадно и' било сама со малата. Додека седевме, ме подбуцна, се заврти накај малата и и' вика "кажи Тамарче кои се забранети зборови?", на што детево одговара -"куре, путе, Игорче, цице..."
ORION'S BELT! Ја програмирала името на бившиот на тетка и' да го изедначува со полов орган. I gotta get me some kid to indoctrinate.
Само би го сменил контекстот. На пример, зeмам мало детенце и му викам да ми ги наброи видовите зеленчук кои сме ги учеле претходните неколку дена, на што детенцето би одговорило - "марула, карфиол, Маја*, лубеница, краставица".
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Кајги
Значи толку ми е преку глава од све, само уште не ми е јасно зашо се замарам со чувствата на некој људи што им е тешко и да помисља на мене.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom