Од Ѕинго, до Велија, па на крајот до Цановски.
Големо-посредниците, со своите гадости.
Така секоја партија, различна е само на хартија.
Всушност, тука само се штитат интересите.
Тие зад завесите, а не тие бе на вестите.
Го делат народот, национално, социјално.
Стварно, за тие да владеат, засекогаш, за стално.
Гладно е секое трето дете, а со нивните се во ред е.
Дури имаат и приватно обезбедување.
А по улиците убивање, и обезглавување.
Закон за нивната удобност, без малку скромност.
Еден мандат и за пензија си кандидат.
А на рабониците испод 64, немат да му дат.
Европски стандард, за пикање во долгови.
И самите богови, барат кредити поволни.
Борџо ќе се врати, зад затворени врати.
Некој тука мати, вода бистра, математика чиста.
Чувари на редот, со интрументот на бруталноста.
Затоа предвреме завршува и младоста.
- Chorus -
Шо се дешава еј, шо се дешава?
до кога за нас, друг ќе решава?
Шо се дешава еј, шо се дешава?
до кога за нас, друг ќе решава?
- II -
Еј министре уште еден ден без струја осамна
Да го ебам неам пари за ПВЦ дограма
Со струјата изгледа го исклучвате и мозокот
Само така можи да го контролирате народот
А од ова нема кеш престанвам да рецитирам
Ќе си станам еден поп и лопати ќе си лицитирам
То е малку професии тука се релевантни
политичари експерти еден куп дилетанти
а тие пак лажат маса со површна вештина
а се досадни и видени ко Тропска Горештина
и премиере ова за наталитетот вред е
ама ние одвај се глеаме сами а камоли трето дете
и фала за скинатите визи прекрасно
ама ние нозете влеген и ќе си одиме со атласот
текстот трагикомичен ко времето денес
јас не му го свртив грбот системот ми го сврти мене
- Chorus -
Шо се дешава еј, шо се дешава?
до кога за нас, друг ќе решава?
Шо се дешава еј, шо се дешава?
до кога за нас, друг ќе решава?