Моментот кога заради една неспособна будала и апсолутен дилетант ти доаѓа да си го плукнеш факултетот и целиот труд што си го вложил во него. Моментот кога заради гадови од луѓе, губиш желба да допуштиш други да ти се приближат.
Ништо ми нема повеќе смисла, изгубена сум во простор и време... не ми се излегува, не ми се смее. Сум станала дух, ми се плаче цело време... Да не морав да излегувам од дома најверојатно цел месец немаше да станам од кревет. А бев девојката која не се прибираше дома, која одеше по 4 пати да ден на кафе со различни луѓе, секој ден, седум дена во неделата. Дури и мајка ми се загрижи за мене.
Ми треба смисла, ми треба мотивација, ми треба поттик и инспирација...
Ај барем февруари заврши.
Тагата од 2011, апла ја прекопирав и пренесов во 2012. Оуу прекрасно.
И единото нешто што ми одеше од рака, а тоа е факултетот сега ми оди на нерви, заради тоа што има луѓе кои се недостојни на титулата професор.
Ептен длабоко имам навлезено во депресијава, а не знам како да излезам.