Драга
Мислам дека ако прочитам уште еден пост од типот на
„Леле кажете шо да јадам, постам и пукнав за јадење“
„А може од утре да постам, денес забораив...“
„Јас со зејтин постам! Во православието постои опција да постиш со масло и да постиш без масло “
ЌЕ ИМ ВЛЕЗАМ НИЗ КОМПЈУТЕР И ЌЕ ГИ ФРЛАМ!
ЌЕ ГО ПОЧАСТАМ ХА5, СО СТОЛЧЕ, ПО ЧЕЛО!
ЌЕ ИМ ПИШАМ ПП СО ИЗРАЗЕНА ЖЕЛБА ДА ГИ СУСРЕТНАМ НА АВТОПАТ И ЌЕ ГИ БУТНАМ ПОД КАМИОН!
Значи немаат појма ЗОЖДО се пости, немаат појма како се пости, немаат прочитано библија (или кое и да е свето писмо), не знаат една молитва да кажат, (освен можеби „те молам господе да го положам испитов„ и „те молам господе да не е (сум) трудна“ ама битно они постат.
И најнервозно е шо ЦЕЛО ВРЕМЕ ЗБОРАТ ЗА ХРАНА!
Сакам хамбургер од 7ца, ама не можам да јадам сеа пошо постам...
Сакам чоколадо ама не можам сеа пошо постам
Сакам еден троа поголем, ама не можам пошто постам....
Као би испил 7 лира пиво, ама не можам сеа, постам!
Леле не ми се верува као БАШ СЕГА КОГА ПОСТАМ мајка ми ми го напраила моето најомилено јадење А НЕ Е ПОСНО!
Као би земал на екс едно шише зејин, ама не можам сеа, постам СТРОГО!
Или фамозното постење само една недела...
Кога ќе слушнам нешо такво, низ глава ми поминува:
И после Господ му рече на Исус
Исус бе браат, ако не моеш 40 дена СО зејтин, ондак дај барем 7 дена без зејтин бе брааат...
И после Исус им рече на тие насобраните на тоа планината:
Океј дечки, значи имате две мениа, одберете кое сакате и не мора сеа 40 дена да се напнуате, може и недела дена ете колку да му замачкаме очи на дедо Боже....
Али у мода е сеа да постат, демек колку сум верник дури постев еј, замисли.
А појде у црква на причест после 40 дена?
Не
А се молеше нешо у меѓувреме дур постеше
Не
А да ти ја удрам една, троа посилно!
Ме напињаат божем верници!