Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
П

Пепси_

Гостин
guten tag da te eeee....heee pak :pos: ama go zaaaefrkna ne znaese od kaj mu fure :icon_lol:

kajgi dan je tmuran a ja mamuran.....t.e. cel ovoj period mi e takov.....vecer pak ke se izleva samo da ne ispadne kako prethodnite 2 nedeli bese epic....plus ke im unistam raspolozenie na drugite :ROFLMAO:

кога е веќе тука муабетот....ако бараш женска,не ја барај во дискотека (ова само за у македонија важи)....повеќе шанси има да фатиш во тинекс отколку у дискотека :rolleyes:
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Оти не ги разликувам буцио и цитро? И оти мразам да мијам садови? Ти ако не знаеш, не знае никој. Плус, Кајгано, оти бре јадам коа не треба да јадам?
И оти сите што ми се свиѓаат не ме свиѓаат доволно мене? Кај ја утнувам работава?
И оти не седнам да магистрирам, туку киснам на интерент цел ден? Оти луѓето не се доволно храбри, да не речам, оти мажите немаат јајца доволно? Уствари, оти јас не сум, па да речам што биде нека биде? И оти у петок и сабота вечер седам дома, место да скитам? И оти некои се мажат а некои се млади за тоа, а се генерација?
Оти трошам толку, кога можам да штедам?
И до кога ке утнувам некои работи? До кога ке се лажам дека се ми е ок, ке се смеам како блесава, ке им угодувам на сите, ке се движам како цел свет да е мој, а чувствувам дека немам ништо? До кога ке се надевам дека се ке се среди, а знам дека нема? Кога ке ме унапредат? Кога ке бидам задоволна од тоа што го имам?
Аман ми е веќе да се прашувам за се, и да се чудам на глупости.Знаеш барем еден одговор на прашањава? Ако знаеш, кажи, јас веќе не можам да мислам на ниедно, преку глава ми е.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сакам само да помине периодов и повторно да почнам да се смеам, затоа што заборавив како звучеше мојата насмевка. Сакам да престанам да заспивам уморна и да се будам уморна и единствено желба низ целиот ден да ми биде да заспијам побрзо за да се исклучам од светот. Здодевна сум, досадна сум, затоа и можеби немам излезено од дома цела недела, освен кога морам. Мора да се вратам во колосек, ги преминав веќе сите граници на депресија. Доста беше. Имам подочњаци што треба од земја да си ги собирам од што се големи... Имам негативна енергија и мислам дека во секој момент ќе се распукам од плачење, ама хеј, толку сум уморна од се, што немам сила ни да плачам.
Ќе бидам добро, само очигледно не вечерва.

Овие пар стихови ми го опишуваат целиот период:
I know I have a fickle heart
And a bitterness and a wandering eye
and a heaviness in my head
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Драга.
Девојка во ПМС ти е опасна работа. Час плаче, час пее.
Хормоните ми рипкаат до плафон, и си мислам како немав некој до мене сега да го пратам до бензиска да ми купи сок. И не било каков, ми се пие Газоза. Одамна не сум пиела. Aма немам и затоа ќе се насладувам на бистра водица, а ако не ме мрзи да станам и Цедевита ќе си направам. Цело шише вода не успеа да ми ја згаси жедта, многу јадев денес, де

Апетитот на завидно ниво, прееска како да знаев дека ако излезам на кафе, ќе завршам во кафана и ќе се почастам со некое парче мевце. Една шарска де. Или нешто свинско,пусто цел пат мислев што да јадам, ама сепак се одлучив за шарска. :) Само тоа може да ме најаде во вакви речиси екстремни ситуации.

Мислам дека се можам да станам во животот, ама вегетаријанец, да се откажам од мевце, ооо не, никогаш.
Али окото ти е стрвна работа, како да знаев дека нема да ја изедам цела и со многу малку ќе се заситам, вообичаено на мноооогу гладно, тоа ми се случува, затоа што тогаш не уживам во храната како кога сум да речеме помалку гладна.

Но вечерта не може да биде добра вечер, ако не ја засладиш нели? Една индијанка и лимонада во Апче.
О Боже, што се тоа јас не изедов вечерва.:facepalm: :pos:

:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Стомаче полно, јас среќна, провод 10ка. :)
Ги изгледав сите серии што излегоа сабајлево и можам да си легнам.
Лека ноќ.

:pipi:

А да, и Скопје е многу мрачно без улично осветлување.. Уф. Нема излегување за мене додека не ни вратат бар трошка светлина.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Хормоните ми рипкаат
ќе се насладувам на бистра водица
Стомаче полно, јас среќна
Аууу, постов ме потресе. Најсериозно. Морав да застанам пред огледало и да се заколнам дека никогаш, нит пијан, нит сам во соба...а најмалку преку тастатура нема да употребам една од горенаведените фрази.
А, може еднократно да се пробам, шо, да останам покус ли?
-Стомаче полно, срценце обвиено во лој, срцево ударче, брзичка помош, устенце на устенце, интензивна негичка, одвај преживувкање. Забрана од докторче за јадење свинско мевце ем батачиња и пијуцкање бистра водица со мерка за да не се повтори срцевото ударче(нце). :love:

он:
Денес брат ми ми кажа дека ќе сме земале чау-чау. Пред да почнам да се противам, малиот ми објасни дека имало цака во работава. Типот кој работел со кучињава бил негов добар пријател и му ветил дека кога ќе се пораѓа кучката, ќе тргнел едно кученце настрана, ќе му пријавел на газдата дека кученцето се родило мртво и тоа ќе ни го дал нас, за да не сме плаќале 600 евра. Му реков да не се заебава оти може за неколку години додека го шета во парк, мајка му или некое од браќата и сестричките да му го надушка лајното и да го познае, па Сител на врата да ни затропаат сосе министерот. После скандали, чуда...
Ме изгледа малиот бледо и ми рече дека сум глуп и да сум одјебел. Па си викам кога веќе јуниор не ми ја разбра заебанцијата, може тука некој ќе ја разбере. Да не иде џабе.
 
S

stefi

Гостин
Драга кајгана,
ова шо ќе го пишам сеа незнам...
прееска паднав 3-4 пати на мраз, меѓу другото коа паднав првиот пат сум ја остаила ташната таму и дури после ми текна. Добро е ја најдов...
Увек коа искачам со Ана ни се дешаваат некои глупости...
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Стомаче полно, срценце обвиено во лој, срцево ударче, брзичка помош, устенце на устенце, интензивна негичка, одвај преживувкање. Забрана од докторче за јадење свинско мевце ем батачиња и пијуцкање бистра водица со мерка за да не се повтори срцевото ударче(нце). :love:
Е па и ти, не е до толку работава стгината, до срцевото ударче. :pos: Додека е со усул, не е страшно, нема такви последици :icon_mrgr:

Друг пат ќе напишам ау како се најадов од марула салата, може некој ќе ми поверува. :) Тогаш ќе помислат дека сум слаба и згодна и внимавам, па дури и во пмс секогаш да јадам салата :)


Не се потресувај многу, арно што си се заколнал :)
 
I

Intex

Гостин
И, сите клетки во телото умираа една по една. Се самоуништуваа бидејќи нивното постоење немаше повеќе цел. Ништо немаше смисла. Не ни може да има, во ваква бесмислена игра.
Дури и стонирањето нема да направи пак се да биде празно и на вистинско место.

О, каква си ти човечка расо? Како можете да постоите? Како можам да постојам? Како ли ќе залечам, и пак ќе ја сакам човечката раса после ова? Како тоа ништо не беше вистинско? Како тоа ништо не постоеше? Како тоа ништо не се случуваше? Не, ова е сон. Ќе се разбудам сега. 3, 2, 1.

Разбуди се! Разбуди се!
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
:D
Се викам Октав и се облекувам во АПЦ. Правам реклами: да, јас го загадувам универзумот. Јас сум оној тип што ви продава гомна. Оној што ве тера да сонувате за работите кои никогаш нема да ги имате. Секогаш сино небо, никогаш грди женски, совршена среќа, ретуширана во Фотошоп. Слики над кои човек се лигави, со музика во заднината. А кога со грижливо штедење ќе успеете да си го купите автомобилот од соништата, оној што го снимав во последната кампања, за мене тој веќе ќе биде демодиран. Јас одам три чекора напред и се трудам да ве фрустрирам. Гламурот е земја во која човек никогаш не стигнува. Ве дрогирам со новоста, а предноста на новоста е тоа што никогаш не останува нова. Секогаш има некоја нова новост поради која претходната станува стара. Да ве натерам да се лигавите, тоа е моето свето учење. Во мојата професија никој не сака да бидете среќни, зашто среќните луѓе не консумираат.
Вашето страдање ја храни трговијата. Во нашиот жаргон тоа се вика „посткупувачко разочарување". Итно ви треба некој производ, но штом тој ќе стане ваш, ви треба некој друг. Хедонизмот не е хуманизам: тоа е cash-flow. Што е неговата девиза? „Трошам, значи, постојам." Но, за да се создадат потреби, треба да се поттикнат љубомората, болката, незадоволството: тоа е мојата муниција. А вие сте мојата цел.
Ф.Б.:нинџ:
 
Член од
23 март 2011
Мислења
626
Поени од реакции
323
Драга Кајгана,денеска сум нешто посебно расположен,на десна нога станат:vozbud: сеа планирам до кладилница да идам,да видам колку ме сака среќата:pos: иначе,деновиве нешто се чуствувам посебно заљубен,иам потреба од гушкања и долги прошетки.... се пореметив начисто:love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom