Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
С

сашенко

Гостин
Драга, изгуби Надал :( неможам да се приберам уште.Утре на улица неможам да искочам од идиоти што се палат на Новак само ради тоа што бил србин :confused:.Пази коментар: Не е битно кој е и шо игра битно СРБИН Е, напред србија згазете ги циганите (шпанците) :tapp: :tapp: :tapp: :tapp: :tapp: Од српски коментатори, идиоти линиски судии, брејкови, рибрејкови и идиоти што звонат на секои 15 минути да ме потсетат дека губи Надал ми е преку глава...Ми треба одмор драга :(.Хаваите би завршиле работа:D ..и една hot brasilian chik и една масажа по можност
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Драга, колку ја мразам патологијава, ни самата не е свесна!
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
ДК, само преку тебе да упатам еден поздрав до неприпаднатите.

Сè е јасно, сè е заслужено, но сепак не си оди туку така. Ова е само за да се олесни транзицијата.


Поздрав.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Следува депресивен период кој ќе биде предизвикан од две причини:

а) Завршување на Европското првенство во ракомет (ептен ќе ми недостига)
б) Стига февруари. :facepalm:
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Драга.
Штрц-прц трчанката до дома.
Многу е лошо кога ќе ти се мочка. Трпи-трпи, ама не се дотрпуваше. Некако успеав да стигнам до пред врата, отварам ташната и?! ...
И што да видам, клучот да не можам да си го најдам. :mad:
Не за џабе се рекло, во женска ташна можеш се да најдеш, освен ред.
Сакам организирани работи, но како?! Како да ја организарам таа прекрасна "потреба" набутана со што се не, што ја носам на мојата рака?!
Ама и тогаш времето изгледа долго. Барам, барам, да ми затропа нешто, небаре ѕвонче носам.
Шуќур, чиниш цела вечност помина, го наоѓаш клучот, и оооп.. Настапува брзо влегување во WC, со уште побрзо соблекување.
И тогаш се почувствував како машко- Ау, да и јас понекогаш, во вакви екстремни ситуации го мразам бодито. Не ви е само вас проблем.

Ама на крајот се се сведува на едно, нема подобро чувство од тоа да мочкаш после долго трпење. :vozbud:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Следува депресивен период кој ќе биде предизвикан од две причини:

а) Завршување на Европското првенство во ракомет (ептен ќе ми недостига)
б) Стига февруари. :facepalm:
4 години потоа... Као за беља и овој има 29 дена.

Него...
Passed down to you..
По прекрасното попладне поминато со ептен драги личности и расположење (читај - его) од размер земја - ваздух, почнав со моите просветлувачко-инспиративни избацувања. Шо да праам бе друго. Башка осеќам убав период следи. Денот на заминување на подолга временска релација, се приближува. Наспрам тоа, некои идеи за понатамошно напредување во наката се на самиот зачеток. Тематско распоредување на власта. Ќе мора дел по дел на освојување на непријателскиот реон на владение. А не како што правев до сеа - вадење на целата војска на мегдан. Осеќам раздор во редовите на опонентот.

So says Saladin
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Сине, почнав да читам книги, значи не учебници туку КНИГИ, мислам wtf не се ни познавам себеси повеќе but it's all good I suppose. Втора работа, ми се случија работи кои навидум беа позитивни но испаднаа крајно негативни сепак не се каам, тоа е што е идеме даље... :cool: Број шест, Ана е селанка (и по место на раѓање и у душа)!!! :mad:
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Драга, ми досади веќе зимава, сакам пролет. Сакам со велосипедот да одам в село, кое уживање е тоа, да ти дува в лице пролетното ветре кое со себе го носи мирисот на пролетта. Ајде уште малку ќе се стрпам.
 
H

HITCH

Гостин
Драга Кајги,

Орелски крилја јас си метнав и в наши стрни си прелетнав, ама и пред хотел Београд не е тоа што беше. Премногу полиција, што во униформа, што во цивил... Се' е отидено...
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Понеделнички за чудо, убаво се осеќам.Позади мене е еден убав и исполнет викенд, со нови запознаени фаци и дружења со старите веќе добро познати =]. Успешно ги завршив задачите кои ми беа поставени, па сега останува да го оставам мозокот на пасење и да не мислам ама баш буквално на ништо!
Иако периодов се ми е совршено, сепак осеќам во себе (иако однадвор не се познава)дека нешто ми фали, дека една дупка се уште не е пополнета. Но не губам надеж, кад тад ќе се пополни и ќе заборавам, само прашање е на време.А додека трае тој просец, ќе станам таква кучка и таков себичњак, што некои луѓе ќе се изненадат, но сепак ќе ме прифатат ако навистина ме сакаат во нивните животи.
Знаеш драга, доколку твоето отсуство во нечиј живот е небитно, тогаш нема зошто да бидеш присутен во истиот.+ 1 Lesson learned =]
Ајт така.
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
денес цел ден го поминав со внука ми. :)
Детето почна да ми кажува што научило англиски и пази го ова: мама - mum, тато- dad и баба- баб.:pos:
И така Драга, цел ден помина во некои смешки и еве, сега ме држи со едната рака и спие, а јас ова ти го пишувам со една рака. :)
Ако има печатни грешки не ми се лути. Поздрав. :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Леле, си најдов некои песни на компјутерот, толку стари, што гарант изведувачите на истите имаат заборавено дека ги пееле....:icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom