Драга,
Изминатиов период имав осет како да сум на оние тракине за трчање на кои имаш осет дека никогаш нема да прекинат да се движат, па така и ти никогаш нема да прекинеш да трчаш. И исто како и со нив, на почетокот чувството е неверојатно, полн си со елан, мотивација, ги гледаш километрите поминати во трчање на малото екранче, се забавуваш.
Поминува извесно време, подолго време трчаш, уморен си, но сепак полетот е тука, енергијата исто.
Уште повеќе време минува, почнуваш да се уморуваш, размислуваш за сопирање, ама ти текнува на мотивацијата, ти текнува на милион други работи и некако продолжуваш...
Доаѓаш до точката каде што не можеш више. Го осмислуваш моментот кога ќе сопреш, уште минута, уште 30 секунди, не сега ајде уште малце, уште само малце...и тоа е тоа.
Моментот кога стануваш зависен од трчањето.
Не сакаш да застанеш, затоа што е страшно кога ќе се сопреш и замислиш за момент.
Премногу мисли, сценарија, забелешки,пораки и повици, коментари, страници и станици, слики, филмови, песни.
Премногу и премалку во едно.
И иако е зима, продолжувам да трчам.