Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Драга Кајги...
После толку време се чуствувам навистина среќна.
Да не зборам баш пред време ама во понеделник конечно ќе го видам, ваљда нема да бидам до толку баксуз за да не се случи тоа.
Инаку многу тапа период до сега. Јас немам испити, а сите мои другарки имаат сега испитна сесија и единствено со правам е спијам и дремам до 6 сабајле на интернет, не дека има нешто интересно, едноставно нема што друго да правам.
Друго нема што да ти кажам... ај поздрав мило ми беше што ти кажав што ми се дешава :) love u
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
уште еднаш ќе те прашам драга,што практикуваш при несоница? јас пробав да читам ама тешко.. да гледам филм ама тешко..да не мислам на неа..мн тешко:(
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Си мислиш тоа што чувствуваш и обратно. Ако не чувствуваш не мислиш и обратно :icon_lol:. Сега мислите дали се мои или собрани индотринирани вметнати од надворешно влијание потоа се земени како мои, тоа што мислам не е мое мислење а земено како под влијание од околина. Имаше една добра вежба ја имам правено со читање на реченици од Алиса на земјата на чудата и требаше тоа да го изговорам како мое мислење искрено а не како читање од книга. Сега ми е јасно зошто е правено тоа :icon_lol:, дури и моменталното чувство на непријатност од мојата неизбричена брада е само мисла здобиена од некаде, така да вртам од другата страна и ми е пријатно и пријатно се чувствувам. Мислата е структура хипнотизерска сугестија ништо повеќе ништо помалку, и мислењето дека не мислам е моја мисла моментално.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Драга, вееше снег.
Полу-влажниот воздух придонесе за поголемо зарипнување на веќе зарипнатиот глас.
Оправдано, бев во Белград, се дерев, урлав, како испуштена овца од стадо. :D
Ма дај, можам подобро од ова, овца од стадо?! :eek:
Пих, мислев на испуштеноста, а урлав, хмм, како да се изразам, Како цел живот да сум навивала и тоа да ми е крв.
Не памтам кога паметот ме напуштил толку. Ма кај ме напуштил, скроз ми избега, морав да си го вратам да се соземам и да си ги приберам веќе останатите делчиња.
Јас, багабонт невиден, или ме мразиш или ме сакаш,да ти е сеедно во врска со мене, нема. :ROFLMAO:Таква ѕвезда имам. Чунки, се повеќе се сомневам дека многу луѓе иритирам, али ај.
И да, вееше снег, престана.
Престанав и јас да веам радости денес, се вратив дома, сама.
Пред телевизор и добра утакмица (добра е, добра, ќе победиме) цигарата во рака, да го дочекам и триумфот над Словенија.
Заврши денот, барем за мене, заврши и работниот дел од неделата. Мозокот на пасење и собирање впечатоци од оваа недела. А богами, ги имам многу.
Те поздравувам, кајгано.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Драга Кајгана!
Ете, почнав и тука да пишувам голема буква за почеток на нова реченица, затоа што случајно некој денес се навредил од еден мој пост и не знаеше што друго да искоментира освен да ме обвини за малите букви, па еве, си велам да и го исполнам барањето. Се надевам дека и таа ќе го исполни моето и ќе научи каде се става запирка, каде прашалник и сл., пред да се реши да им замери на останатите.
Сатори не оставала простор помеѓу точката и новата реченица... овој коментар го прочитав пред некој месец од не знам кој член на форумот. Што е битно дали остава или не остава простор, дали пишува кирилица и латиница, со кој фонт, големина, боја... се служи, кога ќе остави пост вреден да се прочита?! Правописот и сличните прашања се битни доколку се одлучиш да коментираш теми од областа на ЛИТЕРАТУРАТА и таму јас не простувам грешки од тој тип, барем не на оној кој се осудил да закачи некое негово дело, кој се послужил со стручни факти, кој цитирал некого... итн. Се додека се коментира надвор од овие теми и надвор од овие прашања, јас никогаш не би му замерил ни на Шутрак, ни на Глорија за начинот на пишување или би ги нарекол „неписмени“.
„грев4е“, вели таа... Е! Е, според мене, и тоа големо! Па не коментирај мајката, не труди се попусто да аргументираш, кога си во потполна немост! Зошто таа нескротлива желба за навредување? Толку лесно ли се навредувате кога некој не се согласува со вас, не го дели истото мислење со вас, па ајде веднаш да возратите со апсурдна нечовечност, која нема врска со темата? Арогантна гадост! Па дури и да си во право, па дури и Џоли да е единствената која би можела да го одигра ликот на Олимпија, како би можел јас тоа да го знам кога се што имаш да кажеш е: „Не знае дека после точка се пишува голема буква, па уште он ќе ви сугерира мене и на сите вас за лош вкус.“ („он ќе ви сугерира мене и на сите вас“ :pos:) и „грев4е“? Па речи бе мајката, речи „Тапа си од филм!“, објасни зошто, исто ко што јас сега ти го велам тоа тебе, исто ко што јас веќе ти објаснив зошто, а досега не сум употребил ниту еден единствен збор кој наметнува навреда. Нелуѓе со рането его! Нелуѓе!
Колку и да ти е полна главата со интелигенција и интелект, тоа нема да го промени некои факти што те сместуваат во ќошот НЕЛУЃЕ. А ќе имаш подржувачи таму, 99% од форумската маса, доволно е само да постираш еден смешко. Мнозинството секогаш води, секогаш ќе води! Нечовек си, навистина. „грев4е“ велиш... зошто на крајот, јас те жалам тебе Рокенрола или како и да се потпишуваш?

Драга Кајгана... благодарам што ме ислуша:)
 
Член од
27 март 2011
Мислења
362
Поени од реакции
162
draga kajgana,mozebi si zamisluvam ama se mislam deka site od forumov me mrazat-se osekam kako autsajder,kako nadvor od grupata,uste malku ke pocne da me puka depresija,a i taka mi e na site polinja vo momentov-sto da napraam za lugeto da me sakaat?:place:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
My smoking marijuana I call it Ganja, and my pipe goes by the name of Sandra.

Не сум пичка, мака ми е !
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Passed down to you..
Една недела во еден вид на физичка стагнација и само ментална гимнастика. Дизајнирање на сопствениот живот - where do I see me in 5 years. And the answer is the same all over again. Vague, full of doubtfulness. И после иде она, егзистенционалистичко - делувај според моментите. Stuck in the square one again and again. Но на крај не е ли тоа тоа? Животот во суштина?

So says Saladin...

In 5 years I see myself as a human.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Драга Кајгана...
Наместо порано, ја покасно легнувам. Мислам дека никогаш нема да бидам ранобудник. In fact, мислам дека не ни сакам.
Ај добро утро.
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Да кајгано.
Како што би рекол нашиот ни мил претседател - Нема ништо поуспешно од успехот. Е нема.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Драга, имам точно 2 минути да ти го изразам задоволството од денешниот ден. Баш ми е супер, некако. Вчера на свирка си бев, убавко си пројдов. Си се разбудив денес, и за разлика од вчера, чил сум ептен. Сеа ќе идам книгиче да читкам... Може и ќе ми дое инспирација да напишам нешто :) Имај убав ден, see you later, aligator ;)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Се уште си го барам мирот во душава, се уште сум немирна и тешко заспивам навечер.Но сепак, Марфи го чуствувам дека за прв пат е на моја страна.Се разболев, отидов болна да полагам-ме вратија.Дадена ми е уште една шанса, колку добро чуство е тоа нели?Сега нема да ја испуштам, туку целосно ќе ја искористам. Никогаш повеќе нема да пропуштам шанси во животот, зашто знам дека не секој има срце и човечност за да ми даде уште една потоа.
Живеам периодов со секакви луѓе околу мене, и добри и лоши, но пак се осеќам сама иако нивото на самодоверба ми е на завидно ниво.Е тоа е, проклетството на јарецот :).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom