Врага............
Одиш на лекар со очекување дека се ќе биде професионално и нормално НО..
Одам денес на очен преглед во приватна ординација нормално претходно закажано. Влегувам добар ден добар ден,се најавив кој сум и секретарката вика седнете ќе ве викне за скоро докторот. Ок седнав,подобро да не седнував внатре ладно сибир,стари жени седнати почнаа да коментираат индиски серии,по 2 мин на секретарката и се отворија порничи на компјутерот
Се сврте ме погледна дали видов и се насмеа и ги изгасна.
Ајде ме викна докторот,и почна со преглед,прво ми одржа лекција за школството,како школувањето било корисно,ноу шит,па после отвори врата и викна на секретарката да оди да јаде нешто. Дојде моментот да ми измери очен притисок,тоа ти е гледаш во една зелена точка потпрен со челото на една машина и тоа ти "пука" воздух во око,не изгледа страшно ама е страшно непријатно верувајте,неможеш да не трепнеш,и откако ме испука неколку пати неуспешно докторот таман да ме пукне,влегува еден човек и вика "Не пали !" Срипува докторов во истиот момент како бе не пали ? Јас дремам ко дибек потпрен на тоа справата,вика не пали бе дали од ладново после пак ќе пробам,и тука имаш стандардно пцуење од докторот насилно седнување на стол,си викам што и да правиш немој да си трепнал сега. Ај ок заврши тоа,сега ми вика треба капки да ти ставам да ги прошириме зениците ми става вика ќе те печат малку,не не печеа малку,печеа многу.
Ми вика излези сега почекај да почнат да дејствуваат,излегувам ме мава реа на луковина,секретарката се натепала лук
Седам после 5 мин ми се раширија зениците,како лампиони ми станаа очите,крив кур не гледав.Влегов внатре и ми вика а гледам делуваат капките,и пак ме седна на некои машини и мене тука ми текна на првиот пат кога се надував,исто лампион бев во очите и еден човек 40-на год. имаше ме гледа и ми вика оо му се спие душиче,дека кога ти се толкави зениците луѓето незнаат дали ги гледаш или порачуваш сендвич на 50 метра позади нив.
Почнав да се смеам ко теле сам од чиста мира,докторов се врти лево десно ме гледа,му викам извинете ми вика аа си кажа виц ? Да да виц му викам.
Ајде заврши некако прегледов,само што излегов од влезот ме пукна сонце,не дека светеше нешто силно ама кога ти ставиле капки мислиш дека со ласер во очи ти светат без престан.
Влегов во првото такси што го начекав,му викам вози таму и таму и почна да ми се отвора таксистов. Види јас сум роден во приштина,а си викам ми се еба мамата ќе умрам нема да видам како сум умрел. Збори,абе мене не ми даваат во албанија да возам,дека сум такси возач,па еднаш ме фати полиција возев едни ирачани ама од кај да знам јас што се јас само возам кај ќе ми кажат,нели ? Збори и ме потчукнува со лактот онака да му обрнам внимание. Па почна,не е убаво ова со црквите што се палат,не треба така. Не е му викам не е. Стигнав некако дома,аман,психички разорен ден.
Си викам налет....
Одам да одморам.