Драга,
животот оди понатаму, без разлика дали јас сум ок или не сум.
Денес, какви убави вести ме разбудија, немаш поим. Конечно, дечкото што го сака другарка ми ја викнал на кафе

Среќна сум, бе Драга, конечно и тоа девојче да ужива малку, после сите неубави работи што и се случија. Другата е во депресија, од дечкото... сега веќе бивш.

Инаку, после вчерашните две 10-ки (ама си се пофалив), вечерва се собравме само женски и супер си поминавме. Иако, беше ладно нас љубовта не грееше, т.е. нив повеќе алокохолот, а мене љубовта повеќе ме смрзнуваше, ама да не им расипувам расположение.

Морам јавно да им се заблагодарам што, по не знам кој пат, ми спомнаа дека дошло време за да си најдам дечко - ова стварно не им требаше. Се почувствував како 40- годишна разведена жена.

И така Драга, ајде доста ти беше замарање. Поздрав
