Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.281
Поени од реакции
8.447
Ти текнува на оној период кога ништо не ти оди? Епа кај мене КОГА ќе заврши?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Се ближи февруари.:facepalm:

Инаку да знаеш колку ми е криво што не живеам во време кога се одело на корзо, кога момчињата ги канеле девојчињата на состаноци во слаткарници. Ме прават луда, ама би сакала да живеам во тоа време, или да го има тоа сега, ама го нема...тоа е.:cenzura:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Драга моја,
Сакам да се вратам во времето пред 15 години... Време кога среќни моменти ми беа седнати пред прозорецот во малото собиче кај баба ми. Собиче кое некаде ова време постојано мирисаше на чај од липа... Го гледав дождот како удира по асфалтот на улицата... Смирена, среќна, замислена и навлезена во фантазијата, во мојот свет, кога најголема преокупација ми беше тоа, дали двете капки дожд на прозорецот конечно ќе се „бакнат“. Тогаш немав грижи, знаев дека некој ќе дојде по мене и дека тие ќе се грижат за мене и за мене ќе ги донесуваат правилните одлуки. Но, пораснав драга... Сега сите одлуки јас сама ги донесувам, но се плашам дека се погрешни. Сакам да дојде некој и да ми каже што ќе биде после 10 години ако одам по овој пат... за да знам дали сум го избрала правилниот.... пат....
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не успеав да се налутам немаше доволно набој и супер се чувствувам поради тоа :icon_lol:. Добро сега вчера не се налутив ама најдобронамерно укажав дека кучето мое не е ртка и да не слушнам уште еднаш да праша дали е :icon_lol:, и добив потврден одговор. Вака сега од страна страшно изгледаше тоа ама и ефектот е постигнат :icon_lol:.

Ајде Чил аут земја на убавината...


 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Драга,
се прашвам дали некогаш ќе направам нешто од што ќе бидам самиот задоволен ?
The trip lasts for 1:19:35 !!!
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
што да ти кажам? Секој ден е се потешко. Порано, барем имав надеж... денес и неа ја немам, а во иднина ќе биде и полошо.
Мразам што постојано се жалам, ама тоа е вистината и само си ја кажувам моменталната состојба.
Знаеш ли Драга, едно време мислев дека ќе најдам некој кој ќе ме сака и кога ќе остарам?
Не знаеш, нели? Епа да, така мислев, и кога тој нема да гледа добро, а јас ќе немам заби за да јадам нормално и ќе имам безброј брчки, пак ќе рече дека за него сум убава и ме сака и дека имал чест да ме сака и да биде со мене цел живот... Назад во реалноста... таков човек не се наоѓа т.е. јас нема да најдам таков. Среќа или несреќа, не знам... времето ќе покаже.
Толку од мене за денес, се надевам дека не замарав премногу. Поздрав
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич пред некој ден,излагам таков целиот пијан од кола и застанувам на работ од провалијата. Демек да мочам бејб со бучавата од ауспухот и дебелото пиво. Долу месечината со неверојатно заводливите облини се капеше во езерото. Заборавив дека требаше да мочам, заборавив на другарчињата у кола, заборавив на најубавите очи у свет , заборавив на животот, заборавив на себе... Не бе не се фрлив, шо ти е ? Многуструките оргазми на месечината се разлеваа по површината на езерото. Хедониста по природа, седнав да ја гушнам глетката." Ајде беееееееееееее" го параше воздухот кој мирисаше на јасмин ( жими све).Еволуција на стриптизот. Разузданата месечина брлавеешееее и зјапаше у мене. Моментот у глава...


Запрепастен од месечевата мекост, на врвот на карпата која и пркосеше на гравитацијата , викнав на цел глас:
AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA

Истресов дел од меланхолијата низ ракав. Ехото ми се внесе у фаца. Си ветив, ќе се вратам некогаш, пак, да мочам на ова место.
 
П

Пепси_

Гостин
Ќе пројде ли веќе оваа зимото аман депресија ме уби не се трпи.....немаш никаква желба за работење,едвај идеш на кафе со другари и клапнат седеш и брмчиш.
Плус нон стоп болен,де грлото,де стомакот,не не ова е нај КАТАСТРОФАЛНО време шо постое.....
И да си иби векот ама слабо глеа на тоа шеќерот овие моите дома прснаа од среќа ама шо лаже бе а ? нема врска кога тоа после 198324 месеци недели....лажга....па и ја верувам лоооо :mad:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Хеј, хеј, хоу... не ми се веруа дека успеав да учам асално вечерва! Онака имав некој мерак за учење е*аго! :LOL:

Него, роденден му е на Тошката... (шо и да пишам за него е бесполезно). Но Кајги, зошто се олку улави луѓево бе. Гледаат ли дека го прават тоа шо он најмалку го сакаше, се делат. Едни лупаат по 50 линкови на ѕид од негови песни (а пред тоа цела година не верувам една песна онака од ќејф да пуштиле), другиве у фраза као „шо ставате па вие песни од Тоше, јас сум му бил/а на концерт, ја иам слика со него“... Глеам на еден фан пејџ се испокараа кој бил поголем (квази) фан... :facepalm:

Трети пак, вечни мрчатори и хејтери на се што е македонско... А човекот само сакаше да се почитуваме меѓусебе и да не се делиме... Јас си го слушам у Winamp, и гајле ми е...

И снегов па бе... уште не завршив со испити се стопи. Ни Попова Шапка ни Попов Лаптоп не видов зимава... :(

Али ај, Старкови викаат дека „Доаѓа зимата“.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Уништена сум, не можам да се движам а камоли да зборам.Зашто баш мене овие работи мораат да ми се десат, и зашто баш сега кога треба да го завршам вториот дел од испитот?!Лесно е да кажам не идам, болна сум, ама не сум повеќе во средно, на факултет нема милост и никогаш нема да има.Пуштај среќа или да ме преместат за утре коа ќе ме видат ваква утепана или да положам со минимална, затоа што колку и да сум учела џабе е коа грлово боли и не можам да се изразам.
Оф, ај идам да повторувам, некако...
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
Драга,
Мора ли да одам баш сега на школо ? :icon_mrgr:
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Kajgano

Мразам филозофија! Немале попаметна работа и треселе глупости -.- ништо лично со нив, само ме нервирет секакви тупења, повторвење на едно те исто, мелење празна слама -.- пострашно е шо некој се клањат на то. Филозофски книги?! Најбрз начин да завршиш в лудница... или да сфатиш дека животот ти е навистина премногу мил и краток за да го губиш на безвредни реченици.
Посебно го мразам Кант... немам ништо против чоечето (а и да имам касно е xD), ниту против то шо го кажал... пошо факинг ништо не разбирам. Или се’ разбирам, ама од шо пишел толку очигледни работи дури си мислиме дека е то некоја јака филозофија. лееееееее. Сериозно, немам ништо против него, туку против проектот шо требит да го прам за него... ми се плачит! Во учебникон е све испомешано, или па јас сум толку глупа шо не можам да скопчам која е разликата меѓу првиот параграф и вториот, и третиот и четвртиот и се’ до крај на лекцијата... а се изнапишале господатаааааа. Ни со интернетов не сум во подобри односи пошо разбирам шо кажвит на англиски, ама ко ќе требит да преведам се тепам со термини и со некој нијансирани разлики во смислата на зборчињата.
Можда имам и олку многу против други филозофи, ама уште не сум се нашла на дереџе да требит убо да систематизирам материјал за нив. Се надевам немат ни да ми требит... уш еднаш со ваков ѓаол не се зафаќам!
Добро, не ги мразам до толку, само ова ми е некоја послаба афектна состојба xD исфрустрирана сум брееее, мислев одма ќе ги скинам овие проекти, тие се погодија најгрди... и сега не можам ништо друго да прам, туку требит да читам за Кант и за Аристотел -.-

Ко ќе си помислам дек ова некој ќе го читат... xD
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
драга кајгана, што читаш кога не можеш да заспиеш? или мислиш на оној што го сакаш?:unsure:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom