Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Еј женска.:)

Не измислив топла вода ама уште еднаш си потврдив дека има моменти за кои вреди да се живее. Моменти кои ќе те држат долго и секогаш кога ќе посакаш да си ја ставиш главата во ќеса без воздух, зошто мислиш дека се е безживотно, се присетуваш и ја оставаш насмевката. Баш ваква.:)
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Мора да победиме вечерва Драга, мора . Таков ми е карактерот тешко поднесувам порази-јас сум роден победник. Со нетрпение ги чекам нашите херои. Во ова време-невреме единствено тие можат да ми го расположат срцево во правилна смисла на зборот. Ке го облечам мојот дрес, ке одам кај другарите сите обоени во боите на Македонија ке ги пречекаме со аплаузи, а за Швеганите со пцовки и свирежи.
Убава ке биде вечерта несомнено, а доколку победиме бријилантна ке биде.
Навивај и ти заедно со нас многу значат овие момци. Се надевам дека македонските спортисти пак ке ја обединат целата наша нација и повторно ке има насмеани фаци по улиците со полно срце, барем за миг да заборават на проблемите и ќе се почуствуваат Горди дека се Македонци
 
H

HITCH

Гостин
Драга Кајги,

Убавините продолжија! Мојата најдобра пријателка има ќерќичка, имаме бебе! :vozbud: Драга, уште ракометариве да почнат со победа... за радоста да биде комплетна де! ;)

Драга, сега ќе славиме за нашата најмила! :love:

 

Aurora-Borealis

Едно дејче :D
Член од
22 август 2009
Мислења
193
Поени од реакции
101
Драга Кајгии...

Само да ги поздравам сите „тролови“ овдека...ии то :P

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269


Понекогаш, сакам да сум како она детено од Dream Works шпицата, што лови ѕвезди со јадица, седнато на Месечина.

И тоа е се’.

Речиси.
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Простувам, бидејќи немам право да осудувам, судам и наплатувам.

Не заборавам, бидејќи ја прокоцкаа мојата доверба. Најважно од се јас се смеам. Не ви е јасно.... па, не ме убивте. Јас живеам во реален свет во кој единствено може да ме изненади добрина и искреност, а тоа е толку ретко....
Секако Златнаа :pipi:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.917
Неможам бе брат, се откажвам. Шо сакаш кажвај ама не ми се совпаѓа. Тоа е.
И дали можеш да ми го дефинираш поимот hardcore ? Во недоумица сум.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Форумов е станат како некој казнено поправен дом за малолетници кој не дава никаков ефект. А и тие разумни членови кои тек-тук ги има тука се осеќаат како Џек Николсон во One Flew Over The Cuckoo's Nest. o_O

Златни Дивајн, Форчн, Гарфилд, Мацедалиен, Бибика, Гагус......
Не би требало да те цитирам во драга кајгана ама морав да си ја искажам својата согласност со твоето мислење :) , не дека сега нешто посебно ми смета ама искрено стварно ми фали добра дискусија, некојпат не ни мора да пишеш на некоја тема, доволно е само да застанеш и да читаш-читаш-читаш. Се губи квалитетот, упс, пардон се изгуби...хах, и да посакаш совет или мислење од некого нема од кого да добиеш... само се надевам на целосно опоравување на новава генерација.

Добар муабет...поздрав (y)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Momentot koga ni the royal philharmonic orchestra ne ja dostignuvaat perfekcijata koja go sodrzi originalot.
Mada pomaga vo procesot prifakanje utroto kako pozitivna stvar.

 
С

Сатори

Гостин
Драга Кајгана,

кармички гледано јас не заслужувам нешто посебно да бидам среќна. Често си ги заборавам ветувањата кои што си ги давам сама на себе и на другите, на моите и на пријателите. Кога не сум задоволна од текот на настаните и мислите сум во состојба да ги повредам сите кои се обидуваат да ми помогнат само затоа што сум лута на себе, затоа што ме виделе во таква патетична состојба. Зошто егото ми е преголемо, стравот ми е пресилен, а јас имам одвај 21 и тоа никогаш не е валидно објаснување. Се фаќам себе на моменти, како сум се што презирам, премногу често губам контрола, ги заборавам приоритетите, неодговорна сум повеќе кон оние што ми се, наместо кон себе. Ги разочарувам на дневна база бидејќи се уништувам себе, а потоа ја купувам нивната прошка со големи гестови и насмевки, ветувања и зборови, се што сакаат да слушнат за да бидат повторно дел од тој мој свет на хектичност и неспособност. Затоа што ако ги изгубам ќе нема кој да ја рефлектира сликата за мене во мене и ќе се изгубам, исто како никогаш да не сум постоела.

Тогаш поминува полноќ и додека лежам на него не можам да се сетам на тоа колку мостови имам изгорено од каприц. Непромислени непријателства, лоши потези на шаховската табла, неколку грама за да можам да заспијам, неколку за да можам да се разбудам. Колку е само силна манипулацијата кога знаеш дека е единственото што ти преостанува. Па гребеш по себе и другите и пишуваш поеми, компонираш мелодии само за да ти веруваат повторно и повторно и повторно ...
Кога навистина волкот ќе дојде и ќе те изеде.

Навистина се плашам од волкот, не сакам да бидам појадок, ниту ручек или вечера. Не сакам да морам да бирам повторно меѓу пријатели, не сакам да ги губам оние кои ги љубев и најважно од се, не сакам да ги разочарам нив, него и нејзе. Затоа што она ми е сродна душа иако ми е најдобрата пријателка, а они се причината поради која сакам да создавам, за да бидат горди бре, како да им се земам себе со сите површности и конформизми кои на моменти им се гадат, само они и ми останаа. А он, па он е некоја нова приказна, онака, убава, со големи букви на почетокот на книгата. Од оние уметничките.
И чиним праву ствар, не спомињем их ја ... зошто моето минато е преполно со бои, рашлакани по моите и туѓите страници. Но Боже како љубев и бев љубена, изневерував и бев изневерувана, плачев и правев други да плачат, се смеев и давав се од себе за другите да се смеат, бев се и ништо. Толку глупава и толку прудентна.

Затоа што немам повеќе избор драга, среќна сум, со огромна грижа на совест за сите грешки на овој свет, ама бар ме бидува за поправање, ако ми дадат шанса. Кога ми даваат шанса. Затоа подобро да се поделам себе на два дела и едниот убаво да го спакувам, па нека биде што ќе биде од мене и од иднината која што толку очајно сакам да ја изградам. Виновна сум за се што не направив кога имав можност, секако, тоа боли многу повеќе од се што некогаш сум направила. Но бар сум луцидна и свесна. Доволно беше. Трошење време, емоции, пари ... желби.
Можда се и догоди чудо, зошто сум тука и сакам да бидам, никаде на друго место. Драга, хаосот е неминовен, и најмногу што може секој од нас да направи е да се обиде да живее со него, ако е малку посилен да направи промена, секогаш кај себе.
Имај убав ден. :)
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

ја сакам оваа држава, ама не ги сакам овие болни умови. Болно љубоморни, исфрустрирани умови! Без карактер, без свое мислење, наметнато им е нешто и пробуваат да им го наметнат и на оние кои веќе се изградени ко личности и кои имаат свој став. Ми се гади!
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Денес треба да скапам од учење. Можеби така и ми треба, кога оставам се' за последната недела. Кога сме веќе кај тоа, да не знаеш некои апчиња за концентрација?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom