Драга Кајгана,
јас сум променлива личност. Ретко знам што точно сакам и кога ќе дознаам правам се што е во моја моќ за да го дискредитирам тоа сознание. Правев, е покоректно. Среќна сум. Тоа не е ретка состојба кај мене, се импресионирам од ситници и верувам во промени. Сакам да уживам и максимално им се посветувам на луѓето кои ги сакам затоа што ме прават среќна. И понекогаш заборавам да се грижам за себе или барем за оној дел од себе кој што другите сакаат да го гледаат.
Затоа што знам дека развојот е неопходен не се противам на контрадикторностите во карактерот и општеството, знам дека го условуваат. Потоа молчам и планирам. Потоа престанувам да молчам и се решавам да дејствувам. Не е дека само тоа ми останува, напротив, тоа го бирам.
Сакам да се одржам во константна позитива. Сите ја заслужуваме нели?
Дури и јас.
Нека е среќна, новата ...