Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Драга,
Дојде време да се пакувам а јас само што дојдов дома, смрзнат и ништо не ми се прави освен да продолжам да легам во топлиов кревет. Ај има време, утре до 4 ваљда ќе се спакувам :) .
Да ти посакам уште од сега Среќна Нова и се најдобро во неа, па и да се изначукаш во периодите кои престојат :D.
Се читаме во 2012!
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Денешниов ден беше еден од подобрите, а нив ги имаше годинава многу малку, за жал.
Заборавив како е да легнеш и да не мислиш на тоа кога треба да станеш, да не ти се слошува кога ќе го чуеш звукот на алармот на сабајле и ќе отвориш очи, а уште се нема разденето...

Почнаа да ме болат крајниците, а утре осеќам дека нема да може да зборам, ама ако. Денес се смеев поише него во последните 3-4 месеци заедно. Па после дома изигравав придружен вокал на Мет, па на Џонатан, на Крис, а малце и на Трент да не ми се налути... Грлото ренде еј! :oops:
А тек треба да следи уште...

Мило ми е што на оваа година и’ се приближува крајот. Грда и проклета 2011... Не верувам дека толку лоши работи ми се имаат десено некогаш... Би сакала да можам да ја заборавам, ама засекогаш ќе ми остане врежано дека годинава се збогував со луѓе што ми беа најблиски...

Се надевам дека 2012 здравјето и среќата ќе ме служат и мене и моите ... останатото само ќе си дојде.


п.с. бев добра ќерка, другарка, девојка и студент така да за Нова Година ја сакам Кристина... Ако не може таа тогаш Хелена.
п.п.с. И Џони ќе заврши работа. <3
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Сакам да ти пишам долг пост ама просто ме мрзи.
Моментално ако не приметуваш ти ја праам финтата такозвана “омг, ја сакав нешо кратко да пишам ама по грешка испадна долго, полно со депресивни испади и самокритично настроено барајки его фид проследен од лајкови на напатени манијакално настроени воајери што ја читаат темава“.

Ми фалат вистинските хејтери на форумов - ама онака издржано убитачно хејтерски, ми фалат форумџии од стилот на марсовка со нејзините јебопичласти-лоботомирачки изрази, ми фалат психоанализи, ми фалат членовите со озбилно креативни постови а не сегашново вадење на стара “слава“, ми фали шмекерот да си го тера филмот, ми фали гадхејтасол да звучи ко немиен металец, ми фалат гиф аватари и креативни потписи, ми фали бидиков да е најомразен админ а гладиус најомразен модератор, ми фали дарки да е трол кој е против правилата, ми фалат форумски идоли со цврсти ставови кои беа, ако не алфа омега, барем бета и делта за нубовите, ми фалат не накурчени 13годишњаци, ми фали приземност и цитирања, филозофски мислења, разглобувања теории, побивање митови, ми фали да се карам со верници, ми фали да сум поштуван а уште повеќе ми фали да сум хејтан, ми фали да ми е се ова ново, ми фали да ме цитираат - луѓево дигнаа раце од форумска комуникација и дебата, ми фали да сум пасивен фактор на форумов, ми фалат форумските пијанки и оргии, ми фалат многу ствари...
т.е. не...
ТИ фалат многу ствари. А тоа се рефлектира на мене како твој форумски лик, колку вистински толку и имагинарен, ми фали стариот јас кој беше искрен и се обликуваше, не денешниот јас кој е изградена личност со свој став. Иронично нели? Едноставно ми фали “левелирањето“ и здобивањето име и лик.

Од друга страна не ми фалат лажни дигања и егоизам беспотреба, не ми фалат лажно оформени форумски ликови - напумпани со воздух кој научиле да ја играат играта на хаце маски и се толку уверени дека маската е нивниот вистински лик. Не ми фалат attention seekers кои се улизгуваат на форумџии дигнати на пиадестал ради тоа што биле или не биле а се исто гомно ко сите други, не ми фалат рандом членови кои форумов го користат како место за објаснување како сереле, дали мочале и зошто јаделе. Не ми фалат квази хејтери чив хејтеризам е заснован на општеството, не ми фалат боди билдери, не ми фали политика и политички коректни изрази за странски македонхејтери, не ми фалат рандом новајлии кои си го оставиле здравјето во чда, не ми фалат форумџии со никови на латиница со капслок, не ми фалат ебано глупи теми кои немаат дискусија и од кои форумов наликува на некој портал направен на пикзо....уфф многу има курац.

И да, ова е ебан, егоистично настроен, не фер хејтерски, џабе кажан, напуНпан со хејтеризам пост - али ич не ми чуе. Исто ко вас.
Одамна неам пишано ништо сериозно, ништо вредно, ништо паметно - освен коа солам, ништо што ме прави да се истакнам од сите вас кои ве мразам.
Станав ко вас, и тоа е тоа шо најмалку ми се сфиѓа. Станав одалечен, не заинтересиран, не мотивиран форумџиски лик од делумно стара гарда кој се спушти на ваше ниво за да ве нападне и победи, а уствари го изеде стапот. Сеа ко да не можам да се извлечам, а и не знам дали сакам и иам воља. Едноставно ме мрзи.

За крај на ти депресивна песна пошо така иде шемата.


p.s. тотален офтопик и нешо шо ми било на ум доволно долго за да сеуште го памтам и ми значи, моите преостанати хејт поени ги делам на сите форумџии шо не ми вратиле психоанализа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Бурек во 1:30 после полноќ е лоша идеја. Посебно после 5 дупли штока...

Истиснува се метафизичко од тебе, и те тера да размислуваш за најприземните вистини...
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Последен ден од 2011. Гледајќи наназад на годинава, доживеав и преживеав повеќе работи отколку некој за цел живот. Ама ако. Се е добро кога добро ке се сврши, нели? А мојава година ќе заврши совршено! Во прегратките на човекот на мојот живот. И следната ќе започне на истиот начин. :)
Се надевам дека сите солзи од 2011 ќе си отидат со неа, дека насмевката којашто блеска на моето лице последниве неколку месеци нема да згасне во новата година, дека уште повеќе ќе ме сака и дека јас дупло повеќе ќе го сакам.
Се надевам дека со насмевка ќе се сеќавам на оваа турбулентна 2011. Дека сите оние спомени кои ме мачеа ќе отидат во неповрат со неа. Дека новата 2012 ќе биде насмеана, успешна, среќна и заљубена како мене и дека ќе ми возврати со насмевка и убави работи.
А јас и ти повеќе да се дружиме, драга. Ќе се потрудам, ветувам. Исто така ќе се потрудам да дипломирам.
Се надевам дека сите ќе бидат среќни и весели и после празниците. И најважно здрави!

Толку од желбите. Ама не и од новогодишното расположение :)
Вчера со дадичка ми си шетавме низ Веро Центарот. Се изнакупувавме, онака, баш празнично :) Бај д уеј, си најдов фустан за веридбатаааааа :) хехе.
Ама она што најмногу ме израдува и пријатно ме изненади е тоа што имаше хор кој пееше новогодишни песни! Преубаво звучеа! А јас се ежев од милина. Убајни, драга, убајни!

Тука се одјавувам. Се читкаме за неколку дена.

Хев а вери мери крисмс енд а хепи њу јир!

Се‘ најубаво ти посакуваме јас и моите циклама штиклички. :) Cheers!:X3:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

вечер брат ми иде за Будимпешта! Аххх сакам и јасссссс, ама он дипломирал и заслужил, а јас не :(
Нема врска, мене подобро ќе ми биде. Ќе си симнам милион филмови, компјутерот нема да го изгасам за се да се симне до утре! Лажам нема да бидат милион! Ај полагам после не ме задржувај сеа! ДО 5 ПОЛАГАМ ЕЈЈЈ НА 30ти!!!!!!!!!!! Здивев веќе, здивев!!!!!! Од дома искачам само за полагање и после ако шетнам малце и толку! НЕ МИ СЕ ВЕРУВАААА ГРРРРРРРРРРРРРРРР!!! АЈ НЕ СЕ ДЕРИ ВЕЌЕ!!!!!!!!!!!!!!

чао! се мрднав!
 
I

Iblis

Гостин
Драга Кајгана, стварно треба да научам да не ги гризам усните кога сум нервозен, знаеш десната страна, доле. Стварно нема смисла, би требало да сум потпораснат и да ги имам израснето овие маани, а јас пак ко 10 годишно дете ја разранувам додека крв не пушти :(
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Кајги,
Многу мразам личности кои ќе ветат нешто и после тоа не го исполнуваат. И јас сум глупава што ги слушам таквите, а сама знам и какви се со триста ума. Многу сум нервозна, исполнувајќи желби на други останав сама без ништо.:place::(
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Dear

Ми пукна к.рот и мозокот ................. незнам што е пострашно !

само ќе кажам...

астала виста бејби......
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сол фали нема сол, треба сол да купам. Студи беееееееееееее и ниеден календар од 2012 немам, ни од владина ни од невладдина, ни од агенција, ни од навивачка група, ни од фирмата на вујче :icon_lol:, од општина еден дечко делеше од малите ама јас сакам од големите е само тој.....

Добив заебана идеја уште една :icon_lol:.....

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom