- Член од
- 27 септември 2011
- Мислења
- 423
- Поени од реакции
- 682
Драга,
последниве неколку дена се прекрасно заокружување на 2011 година. Тоа ме натера да сфатам дека со доволно позитивна енергија и труд, дури и лошите, напорни, понекогаш и тажни моменти, можат да имаат среќен крај
Во новата 2012, не посакувам ништо друго освен да го ценам, а и сите околу мене да го ценат, тоа што го имаат. Обично некои работи ги сфаќаме здраво за готово, но во клучните моменти баш тие работи ја играат главната улога во креирањето на нашата среќа.
Се ќе биде добро ако човек се потруди да му биде добро. Ако кругот на луѓе околу него е украсен со искреност, лојалност и позитивна енергира, тогаш тој може да се смета себеси за успешен и среќен човек. Секој од нас сам го креира баш тој круг, а тоа значи дека и самите ја креираме сопствената среќа.
Овие неколку дена и случувањата во нив ми помогнаа да ги сфатам токму овие работи, а јас си ветив себеси дека тоа ќе ми биде најголемата лекција која треба да ја спроведам во пракса во новата година
Ќе се потрудам да бидам посреќна и повесела, со многу повеќе насмевки, а истото ви го посакувам и на сите вас