Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 август 2024
Мислења
30
Поени од реакции
49
Добар ден,long time no see,колку години поминаа 8 ? 9 ?

Досадата и жештината ме натераа пак да направам профил на форумов,не верувам дека ќе бидам толку активен како пред една декада ама ете,чисто да те поздравам за почеток :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Кој може да го замени побратимот на 2:56 и тоа негово емоционално топење пред разузданата Стоја во присуство на (верувам) сопругата десно од него. Погледнете го тој откопчан џемпер со коцки во замена за сако и кравата која потсеќа на рандом управник на фирма во пропаѓање некаде пред конечниот распад на заедничката држава.
Тејлор Свифти и Дуи Липи и слични модерни суперѕвезди, никој никогаш нема вака да се топи пред вас.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.008
Поени од реакции
29.933
Овие батулињава шо паѓаат на колена пред Сека можат ма 2:00

Каква мода човече, сите личат на ликови од ГТА
 
Последно уредено:

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.765
Поени од реакции
2.897
Кајг,
Ем му реков не отварај ми врата од балкон у спална, да одиш да пушиш, не и не, на ѕидот му зборам. Сега ќе ме заебава комарецот цела ноќ, ќе пие на мој рачун, е ќе пие, ќе се напие... (n)
 
Член од
12 август 2024
Мислења
107
Поени од реакции
155
Драга Кајгана

педерски потези стигнаа да прават и со цените за чашка ефтино кафе.
После крахот на цените на бурекот од 50 на 80 денари сега па и кафето од машина е направено од 20 на педерски 30 денари.
Ирско или АјриШ е сега 30,Мокачино е сега 30,Макијато е сега 30 (n)

Ако пишав вчера дека картите за фудбал биле ок па редно е и ја да плачам за бунт за рокање на цените за чашка кафе.Јебига и ја цигански ќе коментирам.

пс.


пијам доста време макијато.
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.710
Поени од реакции
9.519
Ја утнале рекламата, требало да стават некоја што се смешка дека ми е многу мал.

IMG_20240825_124918.jpg
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.812
Поени од реакции
6.392
Сердарот | Григор Прличев

I

Пискотници се слушаат од Галичник до Река,
што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?

Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
Ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал?

Ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал.

Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
а да ги брани нема кој.

-Земјоделци, служители на Деметра баш така
шепотеа за гласот зол, а жените,
штом чуја, писнаа од силна мака
и коси корнеа од бол.

А гласот растеше, и голем стана та се дигна
ко Бореј, брзокрил.
За час во сите ближни села толку бргу, ене, стигна
тој несреќен и кобен глас.

Вдовиците и бедните, ги гледаш, солзи леат,
и момите — за света чест.
А земјоделците ко втрегитени од ровја беа
на таа толку жална вест.

Автоматски споено мислење:

За ова дело на Григор, кој го опева регионот на, за мене најубавиот Македонски крај - пределите околу Бигорски, тој е наречен новиот Хомер во, ни помалку ни повеќе, Атина.
 
Последно уредено:
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.497
Поени од реакции
8.153
Драга, јас бев раснат со мајндсет "Семејството е се", "Биди близок со твојата крв", "Простувај и не замерувај ако некогаш згрешат".
Но, денес сфаќам дека фактот што си ми "тетка,стринка,чичко,вујко,братучед" воопшто не ја оправдува реалноста дека сте токсични, самобендисани нарцисоидни луѓе кои си гледаат само кон себе и никој друг (чест на исклучоци).
Денес сфатив дека тоа правило од погоре дека "семејството е се" важи само и само за најблиски луѓе(мајка татко брат сестра), па дури и тогаш доколку се преминат некои граници треба да се пресече. Се што е надвор од тој круг на НАЈТЕСНО семејство, едноставно не е доволна причина што мајка ми и татко ти се брат/сестра за да ја толерирам твое газење врз мое достоинство и твое користење на моја добра намера. Еднаш, два пати, три пати ама веќе 100от пат - не. Што е многу е многу.
Сите сме луѓе, и јас сум грешел, и јас сум постапувал погрешно кон оваа категорија на роднини, но сепак, мислам дека денеска дното го пробија и денес последен пат испаднав човек и ферчина. Од денес па натака, вртам нов лист по ова прашање. Веќе чашата се прелеа.
Емотивен булинг (од облик набивање грижа на совест) од оваа категорија ? - фајронт. Никогаш повеќе.
Цел живот покажување респект кон некој постар и подалечен роднина, за да на крај кога очекуваш тој да покаже респект и почит, да добиеш 3 прста длабоко во анален отвор... not anymore. Eдноставно премногу пати се "прегорував" и одамна требаше да сфатам дека релната е жешка. Но, таков сум, добар, емотивен и задоен со тие фамилијарни вредности во време кога и први братучеди/тетки и што уште не само си го гледаат својот гз и ништо друго.
Во животот најдобро поминуваат луѓе - глумци, камелеони. Такви што навидум ќе глумат дека "се ќе направат за тебе", "се е океј" и дека ти си им "најмил, најубав, најсимпатичен, најдобар", а во истиот момент кога ќе ја напуштат просторијата, не даваат ни 5 пари за тебе.

Сакајте си ги најблиските, чувајте ги, но НИКАКО по цена на вашата добросостојба и вашето ментално здравје. Разбирам еднаш двапати жртвување, ама ако после третиот "минус" продолжат со истото, единственото паметно и полезно нешто е сечење од корен/дистанцирање.
Секое наредно кажување "НЕ, доста беше" ќе биде полесно и полесно и евентуално ќе ви стане muscle memory и ама ич уво нема да ви чуе.
Пошто тоа е единствен начин да се изборите со емотивен булинг (не секое малтретирање е физичко, многу посуптилно и позаебано е емотивното/когнитивното).
Толку имам да кажам.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.812
Поени од реакции
6.392
Во животот мајкати те сака појче од било која друга крофна која си ја запзнал подоцна. За мајката друг нема, тој е ти си, безрезервна љубов. За таa другата шо репрезентира друга врста на романтична љубов, има 1000 други со кој таа потенцијално, ама сместа би те сменила.

Таткоти исто те сака најмногу, без разлика како и дали го изразил тоа балкански. И брат/сестра, иста крв ви течи низ вени. Се друго е небитно, фамилијата е толку.

Од другите вести кеј, со ова се терапирам вечерва. Само за високо интелигентни личности е. Ниско интелигентните да не отвараат, да не се навредат па да не спијат вечерва.

Цоби? јер си ти радио.. тттрраку?
#ТарантиноУмаТурман. :LOL:

 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.900
Поени од реакции
6.373
Излезе најновото интервју со Ричард Докинс, неверојатно но типот има 83 години и никакви знаци на сенилност или успореност во мислата :eek:


Голем противник на воук и кансел движењето, сушта спротивност на Нил де Грас Тајсон кој е ултравоук.
Sharp as ever.
 
Член од
13 јули 2024
Мислења
476
Поени од реакции
762
ne mi e jasno vcera sho im se desi na volvs ja imav x pisano 2 2 na poluvreme i u vtoro im se isturija ovie plavive strasno preku nokj stana ovoj madueke aj palmer dobar igrac ali ovoj het trik mame im eba nisto cudno top 4 da se godinava da fatat liga sampioni dogodina 2025
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.387
Поени од реакции
85.320
Почина Свен Горан Ериксон (човек кој уште не знам дали правилно се изговара ко Горан, Геран или Јеран)

Еден од тројцата селектори кои отидоа на гостување во Германија во квалификации за СП и се вратија како победник.
Во 2001, Германија изгуби 1-5 од Англија на Ериксон.
Тоа беше само втор пат во историја, откако првиот пат тоа го направи Хосе Аугусто Торес во 1985.

Потег толку редок и тежок што во историјата го има направено уште само еден човек:
Игор Ангеловски - Мрме во 2021.

Нека почива во мир, до ден денеска ми е пример за менаџер на Англија и кога и да се спомне Англиска фудбалска репрезентација прво ми оди паметот на тие играчи, тие дресови и тој селектор.

Барем успеа и да испрати проштално писмо и успеа последнава година дена да има една "мини турнеја" на збогување на животот и правење на работите што му биле сон, нешто што верувам дека сите потајно го посакуваме, но нема да (имаме можност да) го направиме.

1724702876242.png
Автоматски споено мислење:

Воедно да додадам, сега гледам целосниов цитат:

delivers final public message Via Amazon Prime

И смртта стана бизнис, што е следно за 70ина години фирми ќе плаќаат пари за тоа кој ќе има чест да ја објави прошталната порака на Тејлор Свифт??
Predatory behviour на фирмиве у ПМ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom