Со телово во Швајцарија, со срцето во Прилеп.
Со срцето во Прилеп, од 8 до кај 17ет години. Затоашто, јасно ми е дека нема сила на светот која ќе ми ги врати пријателите раселени по Америки, Канади.. ет цетера. Да се родиш во така тешки времиња, во кој 2 или 3 бумери решија да уништуваат, еден век слободно творештво на западно блаканските народи, не беше најпријатно искуство.
Да се родиш во тие времиња, а да имаш срце од злато, треба да се утврди како посебно човечко достигнување и за ова треба да се дава Нобелова. Јас им ја врачувам оваа награда на сега веќе, еден дамнешен Канаѓањец, и една, од пред пола деценија нова Американка (САД). Тие ми беа најблиски, но има уште минимум 7 мина од друштвото тинејџерско, за кој се прашувам што прават и ги помислувам, од време на време. Се прашувам дали и нив им текнало на мене, од време на време.
Ние бевме толку подобро, од сево ова што не опкружува денес овде. Толку чисти, бистри дечиња, тинејџери. За вас, незнам, ама за мене тој период е дефиниција за добрина, со таа спонтана себе-подразбирлива искреност.
За мене Нирвана не е, Порше со златни тркала. (Супер за тие од вас за кој тоа е она вистинското, ова не е контра пост или противење на таквите). Туку за мене е, возење точак со најдобриот другар на есен, после училиште. Низ цел Прилеп, нашите ни ој далечни маала, не и кажувај на мајкати дека до таму сме возеле!!! Ладен воздух, силно сонце.
Со телово во Швајцарија, ама одамна не како полна единка. Фали душата, оставена Богзнае по кој агол од светот. Фали и срцето. Само телото останало да движи и да функционира, и ако пробаш во него да бараш душа или човек за разбирање, ќе те проголта празнина голема ко, хм чинам една Црна Дупка на Универзумот. Едно големо длабоко, ништо. Одамна.
Едит: Не сакам да им е како мене, се надевам дека ми нашле достојна замена и продолжиле спонтано со животот, само тоа е природно и нормално. Ова моево (исто) одамна, не е ни едното ни другото.