Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
7 септември 2016
Мислења
20.256
Поени од реакции
35.776

Кајг,
жалосно, не знам што да прокоментирам, кога ќе се побара некој атрактивен мушкарац на НЕТ, давајќи ги пропорциите, а чичо Гугл ми пишува „види го овој“, висока мода од Париз, а, а, а !

...овај, како да му напишам мое мислење на чичо Гугл, а да не го навредам, ете кричерот што ми го даде како предлог, доста сигурно оди на таа висока платформа од петици! :несвест:
 
Член од
16 август 2021
Мислења
31
Поени од реакции
36
ДК,
Од ПХ, завршив на некакво си фансли, со помалку познати модели кога ќе ги заследиш можеш да пишуваш со нив, и сега они ти праќат неколку thirst trap слики free за после 3-4 да ти побарат пари за да ја отклучиш.:kafence:
ahah.png Amen.png
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.477
Поени од реакции
4.207
Не можам да ти ја опишам радоста, позитивата и гордоста што беше присустна во моето Кавадарци.
Тиквеш, победник на Куп на Македонија 23/24, нешто што многумина сметаа дека е невозможно и недостижно, но ете, се случи!

Покрај тоа, среќен сум што бев на правото место и време за одблизу да ги сликам дечките со трофејот. Мој вид на Money shot.

Фала ти Тиквеш, фала ви Лозари, фала ти Кавадарци за вечерва. Ова беше нешто што ќе се памти!
1000008091.jpg
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.863
Поени од реакции
35.652
ДК,

Откако знам за себе, најголема радост наоѓам во малите работи. Едно од таквите задоволства ми се квалитетни копчиња (на прекинувачи, во кола, тастатура итн.). Оваа недела меракот ми го прави новата тастатура. Завчера се вртев низ продавница 40 минути за да си најдам тастатура што ќе ми биде по мерка :love:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.966
Поени од реакции
84.422
Жанета Естетик, една од оние персони кои ги гледав нон стоп по телевизиите додека вртев по каналите од досада, сега го пронајде начинот да ми се појавува и на социјалните мрежи додека скролам надолу од досада...

FB_IMG_1716459676890.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.256
Поени од реакции
35.776
Кајг,
колку ми е глупо кога ќе кажат „тој е градоначалник на рандом некое село“, ако зборот создаден од град+началник- градоначалник, нели тогаш би било логично дека само градовите би имале градоначалници,

...е сега демек градоначалник бил челник и на град и на општина, ако сите села во еден реон се водат под една општина тогаш сите тие села имаат градоначалник?

...ами тие се села не се градови па да биде градо+началник, ставите терминологија општина+началник = општиноначалник или селоначалник да се одвои од другите градоначалници, а со тоа и населбите не можат да бидат со градоначалник, зашто е еден град е со еден градоначалник, другите се населба+ началник = населбоначалник или општиноначалник, ама никако не се градоначалници! :toe:

заклучок :
богаството на еден јазик се состои и од повеќе зборови со една намена, а не повеќе намени со еден збор, ако ме разбирате! :kafence:
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.473
Поени од реакции
8.706
Можев нов телефон и нови патики да си купам ама зошто коа тој проблем има решение - мајстори и кошта 1100 денари.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.681
Поени од реакции
4.420
ДК

Верувам во слобода на избор ама чисто информативно по српскиве радио станици 30% се свират песните на Тоше Проески, а по нашиве мислам дека еднаш или два пати годишно слушам кога е „кул“ т.е кога „сите“ се сеќаваме.

П.С Не мрчам кажувам факти
П.С2 Океј по малку мрчам
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.607
Поени од реакции
3.878
Да, добри се и Ханс Зимер и Вангелис и Хауард Шор, али сепак се знае кој е кралот

 

Kajgana Shop

На врв Bottom