Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.394
Поени од реакции
2.795
Kajgi, fuck my life. Trcam po edna dama, i sea nikako da soberam hrabrost da i predlozam da izlezeme. Toa mi fali momentov. Hrabrost. Dali brzam? Stotuku se zapoznavme, a skip pravam na mnogu cekori? Hm...
 
М

мојќен

Гостин
Пробав...со сите напори, дадов се од себе...оставив време да ми се допадни, али не! си се враќам на windows 7! ти ебам и 8-ка и да ти ебам metro interface, ти ебам рендираната графика и ти ебам багирани програми!!
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
ДК,
ете не чинело да се смееш на туѓа несреќа. Имам едно братучедче, абе милина дете. Ептен лабав младич - мајтапчија. Ако зборува треска зелени, ама ако молчи опасно е. Тогаш сигурно крои нешто. Пред некое време бетонираа нешто и им бев на помош. Времето такво-никакво, заврни-престани, ама работата мораше да се заврши. Во жарот на работата два пати ме зезна. Првиот пат започнува да врне и нормално трчам да ги покријам со најлонска фолија вреќите цемент, а батево се дери: „бурето со вода покриј го“. Јас искрено бев многу близу и без размислување фрлив еден најлон над него. Ми текна, ама беше доцна. Се цепеа од смеење. Добро.
После тоа седиме на шанк во бар и пиеме вино. Прилично испивме, а згора на сѐ свртивме на темно пиво. Луда комбинација. Батево не крепи алкохол, ама баш ич. Спаѓа во онаа група на луѓе, кои се пијанат ако нагазат на пивска тапа. Го гледам почна да гледа со очите на икс и си помислив: „доста му е.“ Ајде го кандисав и си заминавме.
Ден после вечерта ми ѕвони и таков усрамен ми вика: „јас грешка направив, дојди кај мене, да ми правиш друштво да ја исправам.“
Одам кај него, ама си мислам „овој пак нешто крои.“
На крај испаѓа дека ни крои, ни бутур. Наместо телефонот од на шанк му го собрал терминалот за наплата со картички.
Од пусти срам не влегов со него кога им го враќаше.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.643
Поени од реакции
9.929
Најголемото дувло на оговарачи ти е фризерски салон. Боже господе што не се изнаслушав таму, срам ми е да кажам. Од жени домаќинки. И вика еднава на другите две - јас сигурна сум дека има некој и еднава и вика е од кај си сигурна.. Ја видела тасма дека и била на гинеколог бе. Па уште вика и нормално е, 5 години нема маж а тасма да си ја прави, мора да има некој. Не е така? Јас не ќе се бричам ако немам некој. И овие сите е да така е.

Јас... седам карши нив, се црвенеам, се зеленеам, ептен незгодно ми падна, не е сеедно да си замислиш таква слика со 50 годишна жена. И од незгодно се испобунив којзнае што кажав, ми ја репна фризерката пола коса, сега криво ми е.
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.174
Поени од реакции
3.729
Кајги,


Мераци денес немаш факултет си седиш дома на топличко си пиеш чајче и ја гледаш серијата. Ама затоа утре ќе има полно работно време од 9 утрото до 6 поручек на факултет па КОГА НЕМА, НЕМА ама кога има ИМА. :)
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не ми се јасни од Пленумов, претседателот на СПУКМ е избран со речиси двојно повеќе гласови од тие денес на референдумот, е ама избраниот претседател на е легитимен и не ја изразува волјата на студентите (шо е така, не викам дека не е), ама референдумов ја изразувал волјата на студентите и Сенатот на УКИМ требал да ја почитува ваквата одлука...
Тоа дека изборите за претседател на СПУКМ беа нерегуларни си стои и не го спорам тоа, ама дајте да видиме со легитимитетов шо е ?
Како тоа одлуката од овој референдум е легитимна ако на него гласале нешто над 1% од студентите (зошто самите пленумци имаа кажано дека на УКИМ имало околу 25.000 студенти) ?
Нели не чинеа двојните стандарди ?
Дајте и едново и другово да ги прогласиме за нелегитимни или па обратно, и двете нека бидат легитимни.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.825
Поени од реакции
17.772
Никако да се научи бе драга Кајги се е до културата во животов едноставно се таја те рангира во очи на други и кажва шо чоек си, па тек после истата иди почитта, ако не знајш шо со првото ова второто е научна фантастика за тебе како човек. Него имам тон работа да си одам ае чаУ :* :D
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Денес се видов со една стара другарка.
Ми рече:
Кога и да прогуглам нешо и коа ќе ми искочи форум кајгана, на тебе ми текнува

Носталгии и среќа ми е денов.
Дури и надежта во љубовта денес ми се врати.
Убав ден беше :)
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Претстатвници на македонската културна и спортска сцена се обединија во желбата да ја наполнат националната арена „Филип Втори“ за поддршка на фудбалската репрезентација на Македонија во претстојните натпревари.

Израел гостува денеска во Скопје, но веќе на 9 октомври во главниот град доаѓа Италија, а на 11 октомври репрезентацијата за фудбалери до 21 година игра против Шкотска за пласман на ЕП 2017 во Полска.

Во овој видео-повик се обединија Сашко Коцев, Дарко Спејко, Маријана Станојковска, Зорица Црношија, Благоја Георгиевски – Буштур и Лино Червар. Зарем се потребни повеќе аргументи?


Мислам дека се доволно аргументи за чоек да не појди.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
@Feisty приметив дека сум згрешил у процентите, ама пак имало двојно повеќе излезност на изборите за спукм него на референдумов :D
ненамерна грешка е ова со процентиве :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom