Почнав да сум горд на македончето. Почна да се буни против неправди.
Вчера на работа, почна да се буни дека им дувал мојот кулер. Еј. Им дувал ладно. Работава дојде до директорот најгоре. Уште Украина не дозна дека им дувал мојот кулер.
Па замисли Кајги, зел чепка на мојата маса да исклучи. Коњ, цреп. Полов орган ми гледа. Различен сектор сме.
Почна да ми ги праќа неговите шефчиња. И на сите им објаснив. И на крај се пожалиле кај директорот, и директорот решил да се стави селотејп, само да не им дува на господата.
Значи замисли Кајги, на господата од соседниот сектор не им сметаат следниве основни работи:
-10 души на линија за 4. Не се бунат.
-Јадење надвор на импровизирана менза, само со покрив. Ги врни, ги дува ветер. Не се бунат.
-Нема клима (во јули со палта работеа) а надвор пекол. Не се бунат.
-Идат со 2 преполни автобуси во 2 саат, а вечерта си одат со 1 автобус, бетер од сардини. Башка автобусот поминува в центар само, некои вработени пешачат 2+ километри до постојка. Не се бунат.
-Им дува мојот кулер на кој ладам тегови кои ми требаат за работа. Се бунат кај лајн лидер, шифт лидер, па се до директор.
Море и автобусот да си го плаќате говеда едни.