Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Драга,

Никогаш не сум го сакала нешто дождов, али сега некако ми прави ќејф искрено. Неделава ќе биде ваква, тмурна, врнежлива, за некого депресивна, за некој смирувачка. Годинава едвај ја чекам есента, летово ме утепа максимално. Ми се вртат есенските бои во глава, златно-кафена, маслинеста, па и црвена. А вчера си купив црвен мантил. Одамна си имав наумено, не излегов да купувам нешто, случајно се погоди, па првите пари од платата за овој месец отидоа таму.
Сигурно кога температурите ќе бидат уште пониски за месец дена ќе ја пцујам и есента и зимата.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
И тоа се случи. После скоро десет години ашикување по слободниот интернет простор, денес за првпат добив закана со тужба од нереализирана и длабоко исфрустирана ликуша од Твитер.

Возбудливо. Се чувствувам како новинар на Фокус во периодот помеѓу 2004-2014.

Is this the real life?
Is this just fantasy?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Драга...

... гледаат дома моиве снимката Албанија - Македонија што ја даваат сеа, мислат дека у живо е и навиваат, не знаат дека изгубивме 2-1. Ги остаив првин да се радуваат демек гледаат фудбал нешто, али се напињаат шо примивме гол, почнаа многу да се дерат и галамат „СВИРИ ПЕНАЛ СУДИЈА“, преку слушалици ги слушам ебате, и морав да им речам дека е снимка и дека го испушивме курот ко по обичај.

У овие моменти човек треба да се праша она што се запраша Лео ди Каприо у Shutter Island. Што би било полошо, to live as a monster, or to die as a good man?
 
H

HoT IcE

Гостин
Искача орка од Гољф 2 црн сас црвени бандажи и спојлер на кроф и вика:
Еј може ли да плату сас евреи аА?:pos:
За момент помисли ќе извади стварно два три евреа од гепек, нема да ме чуди :ROFLMAO:
 
Последно уредено од модератор:
C

Castiel

Гостин
Девојче не значи дека ако 2 лета си била во Америка преку Work and travel дека автматски стануваш америнканка. Па уште си честита другарство со другарка од македонија што заедно идат во америка на АНГЛИСКИ! Добро бе каде со тој памет. И не не бива.. Е како да не бива со вакви појави.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
К,
Имам воспаление на мускули од носење полни ќеси од маркет до дома... абе домаќинка. :LOL:
Вчера за прв пат спиев во новиот стан, иако официјално сум преселена цела недела. Сабајле се фатив себеси како правам муабет со фрижидерот, до толку сум осамена :D
Времево надвор милина, плаче за кревет, кафенце и добар филм. Ама не, морало на работа да се оди. Уште нема поминато ни третина од месецов, а од мојата плата не остана скоро ништо. Појма немам кај ми ги снемува парите, жими се. :unsure:
Колешкава од сабајле ми се жали како ич не ослабела иако 15 дена е на диета. Епа нормално дека нема, кога гњетеш благо кога мислиш дека никој не те гледа. :kuracc:

Ме уби меланхолија.
Aј чао.
 
Последно уредено од модератор:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ви се досади да работите за мала плата ?
Сакате пратенично место и плата од преку 1000 евра месечно, а сепак ништо да не работите ?

Не очајувајте !

Денес и вие можете да станете пратеник.
Се што треба да направите е да пофрлате малце боја/јајца по државни институции, да бидете најгласни, да пишувате долги статуси на фејсбук и catchy твитови против вмро и грујо и за само 2 месеци и вие може да се најдете на пратеничката листа на сдсм !

Побрзајте понудите се ограничени !




Со боја во рака, до пратеничко место без мака !
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Кајг,
Читам „Родилка: Близначињата ми починаа од инфекција добиена на гинекологија“ и ми се зголемува стравот да се пораѓам во државава. Значи нема асални доктори, буквално, се останато во РМ благе везе нема. Утињаат резултати, пренесуваат инфекции поради непрофесионално и неетичко вршење на професијата и должноста. Испитуваш во триста здравствени институции сегде различни резултати. Матичниве лекари се бескорисни појма немаат што да прават, изгубени во свемирот се, треба сам на нет да гледаш што може да ти биде и да молиш да ти дадат упати да се испиташ се што би можело да ти задава проблем. И коа имаш нешто ќе ти речат здрав си, коа си здрав ќе ти најдат фиктивна болештија. Нз дали ова се дешава по другиве држави.
Со вакво здравство пораѓајот е сведен на оној со бабица во домашни услови е до толку сме назад.

И за крај, за ништо не сносат одговорност, ниту се поведуваат дисциплински постапки, за кривична одговорност може да се каже дека тоа е сајнс фикшн, се они си се покриваат, најдобро, најпрофесионално работат, срцки. Да се молиш да не те снајде беља да се ашкаш по лекари.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Што комарец ќе беше, што вампир ќе беше!? Се разбудив во 6, пола сурат ми беше потечен, дланката како на автомеханичар. Само го допрев инсектот и се распука, ме исцицал како на власт да е! Сеа, ѕидот изгледа како дел од место на злостор, ама тоа е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom