О/позиција.
Хм, зашто нема разлика меѓу овие?
Cе Возат у комфорт колички, одмор кај што ќе им прдне, деца напикани у институции или кеширани по бел свет да се едуцираат на елитни колеџи. Оброци секој ден у елитен ресторан, сваровски, ролекси, ајфони и тн.
Одмори/викендче по ресорти, зиме-лето, ма секое годишно време..
А ти, толку минорен, ситен и небитен...едвај чекаш да дојде вон сезона за да можеш да си купиш некое палтенце од некое скриено бутикче, или пак тренерче од Борис, пошто се поефтини, of course. Еден исти лап топ користиш еве веќе пола декада, само ги знаеш бројките на новите телефони (s6,s7 и сл), а кога ги фатиш во рака ти се ко спејс шатл у пм.
Доаѓаш дома отвараш фрижидер што да комбинираш се чудиш, дали пак по 58ми пат неделава туна и марула да праиш.
Наместо кафе - клупата.
Одмор, скромно... со јадење од дома тераш, нормално, или ако сакаш полабаво а поефтино - септември му е мајката. Ама битно морето и водата беа топ, зар не?
Тешко е вторник и петок у Јсп, за нив дури и сообраќајот се стопира за да идат "на работа".
Твоите дома локална лозова пијат, они со џек и пура си ги ладат.
Истите тие, од погорниот слој на пирамидата, ти кажуваат:
Каков живот да живееш, што да праиш со платата која е 0.5% од нивните примања, како да мислиш, ти ја креираат реалноста и свеста.
Ти викаат дека "сите сме еднакви".
А се што прават у денот е да си ги вперат прстите едни кон други нарекувајќи се "предавници", "диктатори","криминалци","фашисти", "сороспии".
А на крајот од денот си влагаат у луксузните им куќи и станови.
Никој од нив не знае како живеат тие подоле во пирамидата, никој од нив не бил работник у фабрика, никој од нив незнае каква е маката на невработените млади... А се дрзнуваат први да зборат за состојбите. Ко по втор пат да живеат.
Твоите дома ти викаат, учи синко/ќерко да не работиш. Епа, луѓе кои што 100 пати повеќе книги прочитале у животот од цел македонски (распуштен/нераспуштен) парламент, ете ги во Германија и Америка чистат вециња, маси или прават бургери.
Fuck the system.