Она што досега го научив во мојот живот во врска со луѓето е дека тие кои секогаш се жалат за нешто од некого всушност и најмногу потфрлувале кога ќе им се пружало рака и станувале дури и полоши од тие кои ги имаат опишувано во нивните „приказни за нивното мрачно минато“. Некои поради тоа што си стекнале комплекси поради нивното страдање, а некои пак поради сосем други причини. Којзнае, можеби и јас некогаш сум изреагирал така спрема некого во минатото, али сигурно тоа било несвесно. Ако е така тогаш се извинувам најмногу на свет, но сигурно дека тоа не било со намера. И разликата е тоа што јас знам и да се извинам кога грешам, машки, и не бегам од одговорност како што многумина го прават тоа денеска. Тие што ме знаат ќе го потврдат ова што го велам јас. Затоа и изградив ѕид околу мене последниве шест години. Од вакви личности, а можеби и затоа ми станува ова општество во кое живеам во моментов од ден на ден сè повеќе и повеќе одвратно. Ќе видиме до каде ќе тера ова, во секој случај велат „да не се губи надеж“, иако таа полека од ден на ден умира, како што тихо згаснува пламенот на една свеќа.