Шо е ова од тебе?
Ко бордерлајнер се понашаш, од нигде никаде те снемуе па ќе се појавиш.
Али нема везе, среќни празници се најдобро.
Деновиве испадна ука бука некој тромбонист не му го продолжиле договорот у филхармонија, па онлајн петиција за собирање потписи да му го обновеле договорот дури 973 души се потпишале ептен битна ствар тоа магистар тромбонист.
Типот плачеше дека останал без егзистенција а свири по свадби и веселби, има и маркет карши стара алумина али ете останал без егзистенција!
Му искоментирав да не очајува и дека бог ќе му помогне, а ако нема пари да си го издржува семејството да си аплицира за оператор во магацин во кам 40 000 плата, или во глобал такси им фалат таксисти.
Ме блокна типот а јас само сакав да помогнам
Па ме нападнаа " уметници" и " уметнички души"од сите страни иако најкултурно им објаснив дека ако повеќе не е потребен никој не е должен да му го продолжи договорот, нити е должен да даде образложение зашто не му го продолжува. Им укажав и дека ако не може да најде работа по струка да си се прекфалификува.
Ама не хејтери до даске.
Ги запрашав и зашо не си основаат приватна филхармонија, па нека си се финансираат самите од продажба на билети, истото да биде и за театар и опера и балет, за издаваштво поети и писатели да си се финансираат од продажба на тиражот. Па тргнаа да ми објаснуваат како културата била двигател на општеството, и кога ги прашав кога некоја песна, претстава, балет направила некоја промена во општеството и тие ме блокнаа. Канцел култура на левичарски либтарди.
Од над 170 држави во светот само 25 имаат државно финансирани театар, опера и балет, филхармонии. Од тие 25 половина и повеќе се од бившиот комунистички блок. Додека 160 имат фолклорни уметнички друштва финансирани од страна на државата.
Не можеш да ми кажеш дека балетот е нешо битно кога 99,5% од популацијата не гледала балетска претстава ни на телевизија а камо ли да отиде во театар за да гледа балет и притоа да биде финансиран од државата.
Дотаму иде работава шо и естрадни работници и изведувачи како шо се свирачи по кафичи се сметаат за уметници. Ме потсети и на времето од корона кризата кога пука козметика и дџ-те бараа помош од државата.
На близнаците од пука им пишав дека ми требаат луѓе за на машина за мешање бетон и дека 1000че плус оброк плаќам, и тие ме блокираа тогаш.