Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.455
Поени од реакции
39.103
Денес на работа на пауза кладионичари ги дискутираа актуелните терористички напади и ги споредуваа со поранешни.

Место Брејвик, Брајтон. Кој знае знае, и тоа е се што треба да се знае. :pos: :pos: :pos:
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.901
Поени од реакции
8.510
Напраија вештачка палма остров, напраија вештачки острови у форма на светот, бурџ калифи, затворен ски центар…и канализација ала Огњан Прица.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
1.161
Поени од реакции
3.172
Драга,

ми одобрија виза на 10 години за USA:tapp:,за брзо се пуштам во авантура нема да бидам толку активен на форумов ама ќе правам update на случувања еднаш во месецот.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.238
Поени од реакции
959
Драга,
по најново сега, во рецептите за готвење пишуваат само колку протеини има јадењето ко демек тоа е најбитното.
Тоа што има кило шеќер и 4000 калории нема везе.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.520
Поени од реакции
11.488
Драга,

Немаш поим колку ми значат моментите кога во сред недела ќе заседнеме со мајка ми и татко ми, после ручек, со чаша црвено вино и ќе пуштиме музика во позадина. Еден ден во неделата, само неколку часа се доволни да ме опуштат, изрелаксираат, и да се чувстувам толку безгрижно, заштитено и сакано. Они ми се мелем за душа бре. :pipi:
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.576
Поени од реакции
3.371
Македонија има да пропаѓа се додека на парите има ,,светци" и духовното е ставено на хартија кое означува некаква ,,материјална вредност"..Оваа го смислиле некои фантастично глупи луѓе(кремот на глупоста) или екстремно покварени кои знаеле што прават..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom