Драга, никако не можеш да кажеш нешто на некоја општа тема без другарите да ти го испревртат мислењето, да анализираат и доаѓаат до некои заклучоци кои после се прифатени како такви од повеќето од рајата. А за да не се секираат за мене, ќе им раскажам колку мрсно и убаво живеам. И од што. И лично јас, не од заклучоци.
Освен работата што ја имам, ја работам зошто ја сакам, не дека ми е потребна, често ме викаат како заштитно лице за некои козметички производи, за реклами, презентации, отварања, музички спотови и разни дешавки низ градов и солидно си земам денар од такви нешта, а такво нешто се дешава најмалку два пати месечно, а една исплата, да не трошам толку колку што трошам, за нормален живот е како за солидно да живееш два месеци без да се стегаш.
Паралелно од тоа, имам куќа која ми ја остави баба ми која почина, за тоа знаат другарите, ја издавам и од таму си земам пари, зошто си живеам во стан кој исто така е мој. Плус платата на оние кои живеат со мене. И, тетка која нема деца и ме сака како ќерка која месечно ми испраќа пари, скапи парфеми, марка патики и алишта, а живее во Италија и работи во македонски конзулат.
Од финансиска гледна точка живеам дури и на висока нога, ете да не бидам скромна, да кажам да не се секира некој да не живеам како од социјална помош. Ете уште нешто од приватноста што ја споделив поради грижите. Зошто сепак сум чувствителна личност и не сакам никој да има секирации.
Аааа и потекнувам од кралско семејство. Тоа го заборавив.