Тивка војна
Тивката војна во Македонија се одвива како стратешка игра на Monopoly, каде Европа, Албанија, Бугарија и Грција, водат свои тајни преговори и интриги, додека македонските граѓани трпат. Од аспект на Monopoly, политичките партии се претставени со куќички различни по боја, а тек кога ќе изградат хотел, стануваат вистински властодршци. Но, во случајот со Македонија, изградбата на хотел не е симбол на напредок и благосостојба, туку на власт и корупција. Целата игра се води врз грбот на Македонија. Секој играч се обидува да ја контролира играта, да ја превземе историјата и да се искачи на врвот со апсолутна доминација. Во светот на Monopoly, лажното ветување и поткуп се постојани.
Европа, со своето златно човече, влијае на Македонија. Оддалечена и недофатлива, таа ја игра играта со фасада на дипломатија и социјална правда, додека во позадина, со потајни договори, се прави масакар врз македонското.
Албанија, со своето црвено човече, користи етнички игри и подземна инфилтрација, и потајно, тивко, ја окупира Македонија, додека ја држи Власта (банкарот) во раце. Да не пишувам за апсолутниот напредок и купување на недвижнини од страна на албанскиот народ во крајно македонски градови и населби.
Бугарија, со своето зелено човече, игра дупла агенда, во време кога Власта (банкарот од Monopoly) е во позиција на продавање, со бришење на македонскиот народ од историјата и побугаризација.
Грција, со своето сино човече, е играч кој ја започна играта и се обидува да превземе се што преостанува.
Во оваа тивка војна на Monopoly, македонскиот народ се обидува да преживее на поле каде владее политички прогон и корупција. И додека играчите стратешки манипулираат, македонската душа е таа што страда.
Дали Македонците ќе продолжиме да сме пасивни играчи во оваа политичка игра на Monopoly, или ќе се освестиме и ќе се бориме за своите права на слобода и независност, ќе покаже времето. Во оваа тивка војна на окупација врз Македонија, секој потег има своја тежина и последици, затоа треба да се игра внимателно.