Емпатија, етика, совест, чувство на припадност на оваа хомо сапиенс раса, сите по малку по малку се губат во недоглед.
Ужасно е секојдневието. Засолништата стануваат опасни зони, лекот станува отров, си го плочиме патот со добри намери, а каде води патот поплочен со добри намери, знаеме.
Животот, светов се менува на полошо но и ние.
Другите ја губат чистотата, но и ние.
Порано ги гледав со солзи во очите видеата од моето прво работно место во странство.
Малечка зграда на врв на рид, иако средена како светска фирма, газдата милиони долари имаше вложено сигурно.
Нѐ удри еден баксуз, лошо директорување, едвај од тоа се опраивме , корона, хоум офис, намалени плати, предизвици, борба за останување на нозе.
Го знаеш она клише, имавме малку но среќни бевме? Е, така.
Никој не беше над никого, затоа ни ксенофобија ни омраза ни љубомора беше нешто за коешто може да стане збор. Оти лакомите не останаа, оти не беше место што ќе задоволи лаком човек.
Еден од нас имаше проблем, сите го имавме.
Чоек, се организиравме, праевме gender reveal и bride to be забави.
Колешка се породи, цел колектив се тапнавме на повојница. Не групици од 3, 5 госип френдс, сите 34 бевме како семејство.
Кој поправа, кој менува, кој шие, се организиравме, кој каква мака има. Мајстор не сме викнале 2 години.
После откако се прошири за да скрцаме од банкрот, сите на разни места отидовме.
Мал дел од нас, на навистина убави.
Имам дел од комоции, но го нема тоа другарство. Онаа серијата сулејман што беше , саде интриги, групи од 5 души отчепени од сите. Taa едната само остана од старата постава.
Кога почнав ми беше тешко , си мечтаев за тие денови.
Сега знаеш што? Не мечтаам.
Се научив на малку повеќе престиж изгледа.
Се научив и на борбата.
Се научив да пркосам и да се борам со истите тие сили со коишто го почнав овој пат.
Дел од чистотата ми замина. Но, има и една добра работа.
Повеќе сум свесна за другите во тешка состојба и според можностите коишто сѐ уште не се уау саксес стори, се трудам да помогнам. Порано нив не ги гледав, оти бев малку подобра од една од нив, скоро иста.
Сѐ е школо и сѐ си носи и убави работи.
Нам ни останува да ги најдеме.