Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
11 март 2023
Мислења
1.451
Поени од реакции
1.887
Одлуката е она што не дели нас од останатите. Без одлука не постои совршенство. А совршеноста е склона на детали. Без ситници и препреки, таа не постои. Затоа совршеноста се разликува од еднаквоста. Доколку не сме во постојана свест за последиците кои не очекуваат и се што носи одлуката, повеќе ќе нема разлика помеѓу никој од нас, меѓу разумните и своеглавите, меѓу добрите и лошите. А кога нема разлика, совршеноста губи смисла, и станува пуста еднаквост.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.716
Поени од реакции
9.547
Денеска имав некои четири саати работа, да довршам нешто, довршив што довршив и од денеска сум на одмор, а одморот го отоворив со тоа што на скали со еден постар комшија збуцавме по четири ладни срча скопски.

Скопско boys we are here.

 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.277
Преговарачката вештина е посебна вештина за која и не се зборува толку многу. Во нашата држава никој не те плаќа за твојата продуктивност, туку те плаќаат тоа што се договараш. Ако сакаш повеќе пари, треба да си побараш повеќе пари, во спротивно ќе си останеш со прстот во уста, независно колку си продуктивен. Само не знам како да го објаснам ова на помладите од мене.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.308
Поени од реакции
4.567
Никогаш не одбивајте патување од работа може нешто убаво да ви се деси :D
По правило не сум тип шо ќе одбие работа, ама ова пред месец дена беше ептен у последен момент, шо прајш викендов? Па ништо посебно викам. Епа одиш у Атина...со бус.

Стигнувам таму преуморен си викам пренапорно е ова за 2 дена треба да се враќам, со пауза со чекање по граници 12 саата ко ништо излегуваат. Се враќам последниот ден и купувам карта Солун Скопје. Седнува до мене една плава убава девојка. Седум саати ноќни Атина Солун и три кафиња испиени до 1 саат пак сум утепан и ми се спие, да ме тепаш не ми се зборува.

Пауза у Гевгелија, збори она со возачот гледам онака ме погледнува. Не е лошо да пробам си викам којзнае можда е странкиња :D станувам за да влезе и седне на местото тенк ју со мач викам welcome no problem, сама почна муабет дали зборувам добро англиски.

Сакала у Охрид да оде ама не и се одело со бус а кола сакала од аеродром да рента па да не било касно коа ќе сме стигнеле. Викам не е ок патот кај ќе возиш сама ноќе, ај вика да размислам. И зборинме така црло време до Скопје работела специјална едукација у некое школо во Швајцарија(татко и од Шведска она живеела во Лондон коа не патувала) ама открила дека travel is her biggest passion. О боже, си викам, и мене, ако живеам во Швајцарија или трошам туѓи пари. Вика бев во Скопје пред две год, викам сигурно беше на Матка и на Водно? На Водно бев. Аха, хајкер значи викам. Не бе, бев ноќе ми вика и се прсна од смеење. Јасно, не одиме ноќе за хајк таму викам. Едно друго трето сфатив дека е сама, никој не ја чека у Скопје и опуштена, не е 10ка, 8ца да, ама за мене е факин Маргот Роби :D Лонг стори шорт по вечерата, остана вечерта во Скопје кај мене во студиото од 20 квадрати утредента замина во Охрид, а ја со два состаноци уживо среда и четврток да ме утепаш не можев да одам со неа.

Ми пишува у сабота се враќам у Скопје, букирав у Лимак, ја прв бус накај ск. На Матка не сум била вика, супер, одиме викам. Како? Со бус викам. Чекаме бус се качуваме абр 80 луѓе ако немаше внатре. Ај викам нешти посебно не зборевне пред 3 дена коа се запознавме и почнува да ми раскажува за патувањата. Со мајка и биле на Мадеира месец и пол мислеле апартман да купуваат. Имала план како до 130 држави да посети до крај на 2024. А со работа како викам? Па моите иммаат фирма некогаш работам HR додека патувам. О боже си викам да ти имам парите само.


Викам срам ми е шо се качивме у бус од 60 центи, па и кај мене дома шо те донесов ај назад со такси се враќаме и брод вожња од мене.

Продолжува за наочарите имам околу 90 пара вика ама ми здосадија да ги собирам сеа сум љубител на дронови. Изгубив еден во Софија од 1500 евра малку се изнервирав, ама купив друг за 800. Добро викам сеа ми е уште понезгодно за бусов :D
И продолжува за Мјанмар, Брунеи и Туркменистан да раскажува.

Стигаме на Матка, пресмешно и прејако ми беше секој можен жглоњтар и се стави,што го сретнавме дали у ресторан ја до тоалет отиден, дали вода да купиме, дали со брод да се возиме , од броеви барање, до компломенти до пробување да збори германски.
Еден 17-18 год и слика побара со нејзиниот телефон ама забораи да и побара контакт за "да му ја прати". Препрејако за мене :D

У Приштина ми се оди викa, готово одиме(си викам за оваа пешки тргнал) Најјдов бус за натаму. На граница кај косоварите едно 45мин не ја пуштаа, викам те испрашуваа ли за Брунеи и Туркемнистан? Буквално се ја испрашале, а можам да ја замислам како на некој 50 годишен Блерим така разголена му вика травел из мај бигест пешн :D
Уште повеќе што планот беше, да се вратиме за 7-8 саата, па објаснувала и шо бараме Приштина за толку кратко, углавно травел ис мај бигест пешн. Буквално нецела вечер у Приштина пошо летав сабајле и мораше кај 4-5 сабајле рано да си тргнеме.

И врвот пишувала книга како да живееш со 150 години, нема појако од ова. До последен момент се мислев дали да пропуштам авионот и да летам утре/друг ден ама на крај и она фати друг пат и се разделивме. Ај може ќе ми се посреќи у Лондон да отидам или ќе бараме виза заедно за зеленоротски острови или еквадор(ако добијам на лото)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.323
Поени од реакции
5.361
Кога веќе се спомнаа травел ис мај бигест пешн. Моментално инстаграмот ми е поделен на три типа, мамички ( два типа) што ставаат по 10 слики од своето најмило ( бебе или уште полошо куче) и травел ис мај бигест пашн.

Првиве некако ги соџвакав, не ги регистрирам веќе, ама вториве не можам. Травел гуруа со своите ставови еднаш се живее, мора да посетиме 130 држави. Мислам страшно постигнување е тоа, да посетиш 130 земји, мислиш лекот за ракот го открила. Претежно овие ликови завршуваат како во филомот Into the wild. Добро нема да бидат изедени од волци ама послем извесен период ќе бидат осамени зошто цел свој живот не одвоиле ни малце време да се зближи повеќе со некој, туку се и на кратко време со истиот муабет имам цел да го видам светот. За неколку години да ја сретнеш и да ја прашаш за Македонија дечкото од автобус нема ни да се сеќава зошто реално секој ден и е на нејзе ист, со рандом луѓе.
Што е најтрагично најголемиот број од овие ликови истово не би го правеле ако немаше социјални мрежи. Нивното шетање ќе нема смисла зошто ќе нема како да покаже дека она е шетана личност.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.542
2012 кога бев work and travel тегнев една чехиња на еден 40 години стар кревет у бараките на Cedar Point. Незнам шо ја боцкаше повеќе, јас или федерите на креветот. :pos: Истите муабети ми ги правеше, I live to travel.

До ден денес ја имам на фб, скоро и да нема држава каде што не е отидена. Нонстоп по забави, туристички атракции, светски метрополи и руинирани градови. Од Куба до Камчатка.

Поздрав Ана.:pipi:
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056
Лесно се прават пари, лесно се наоѓаат жени, лесно е да си во брак, лесно е да живееш здрав живот, лесно се наоѓаат пријатели, лесно е да си смирен и среќен, лесно е да си во добар однос со фамилијата, лесно е да се учи и земаат дипломи, лесно се наоѓа добро платена и угледна работа.Што уште...? Ај дете викаат тоа било сложено
 

Kajgana Shop

На врв Bottom