Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
4 август 2018
Мислења
1.575
Поени од реакции
3.369
Уште еден саат пладне,времето тешко заморно,погледот ми е замаглен,нервози од сабајле,главата ми пука од сите страни,недоволен сон и спиење на рати,пијам секојдневно(не вежбам ништо,увежбан сум одамна) и пропаѓам културно :noze:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Драга,

Случајно налетав пред неколку денови на едно видео од каналов, и иако станува збор за режиран „серијал“, дечкиве успеале да состават видеа кои вредат злато. Ова ви е подобра чколија од сите факултети и магистратури во животот, на место од збор до збор!
 
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.884
Поени од реакции
7.172
Драга Кајгана

Случајно на You Tube пуштив видеа од играта Far Cry 1 почнувајќи од прва мисија до последна. И така гледајќи еден тип што ја игра играта, дојде да ја игра 14-тата мисија откако ги заврши првите 13. Во 14-тата мисија протагонистот Џек што се игра има за цел од неговиот помагач Дојл да уништи 3 антенски кули на еден остров сè со цел да се поремети комуникацијата помеѓу платениците. Така ги уништува сите 3 антенски кули, но сепак добива уште една задача со уништување, откако помагачот воочува дека тоа сепак не ја прекинала комуникацијата. Помагачот открива дека еден брод ја има последната апаратура за давање на сигналите, па затоа Џек мора да ја уништи и таа со експлозив покрај уништените 3 антенски кули. Џек стига до бродот, ги елиминира сите чувари.

Ама сега доаѓа најјакото.

Откако со мал воен чамец на моторен погон испловува од брегот накај крмата, може да се забележи дека бродот всушност, го има севернофиромјанското знаме на Грчец и не само тоа, има натпис кај крмата.
Верувале или не, натписот гласи ,,ЗОЛ ТЕРЕТЊАК", а веднаш над него е нашето северџанско, севернофиромјанско знаме. Ова изгледа сака да каже дека бродот е злобен и е на терет на околината/морето и башка севернофиромјанско знаме што е метафора на теретот врз народот кој го прават северџаните. :LOL:
Џек успева да ја уништи апаратурата, но експлозијата е толку јака што ја уништува и крмата на бродот и предизвикува тонење. Бродот тоне надоле со крмата, а кај Џек доаѓа еден хеликоптер за да го ликвидира, но Џек е попаметен и го уништува целиот хеликоптер.

Во прилог фотографиите и видеото на You Tube со напишани моменти во видеото од каде започнуваат овие чудни пресретнувања... :icon_lol:

Far Cry 1: Walkthrough - Boat [Level 14] (Realistic Mode) 4K UHD - 60FPS MAX Settings

--> 19:48 (,,ЗОЛ ТЕРЕТЊАК");
--> 20:33 (знаме на северенфиром);
FLXU9.jpg
126.jpg

P.S. Апаратурата што треба да се уништи е баш кај знамето и натписот.

Случајност? Не би рекол. :icon_lol:
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Кога ќе кажам на некој дека не ми е до толку заебанции, очекувам да го испочитува тоа.
Не да продолжува со истото.
Игра е.
Нека е. Кога велам не сакам, значи дека не сакам и крај.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.432
Поени од реакции
39.044
Шокот на лицето на странците било каде на западот кога ќе им кажеш дека 95% од луѓето кај нас поседуваат куќа/стан, а не изнајмуват.:eek:
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204

Kajgana Shop

На врв Bottom