Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.154
Поени од реакции
35.014
Да ве потсетам - забрането е цитирање и надоврзување на претходни мислења во темава. Нека биде ова предупредување за сите.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.537
Поени од реакции
36.112
images - 2023-06-22T105323.204.jpeg

Кајг,
се мислам и јас дали да се истетовирам на едно интимно место не знам дали да биде тенк или авион, срам ми е некако да биде пеперутка или цвет, ама кога гледам кој што како се тетовира, ај поарно е вака чиста бела кожа.:X3:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.696
Поени од реакции
4.869
Џабе ти е ако имаш совршен вид- а не гледаш.

Џабе ти е ако имаш совршен слух - а не слушаш.

Лага кажана мнозина пати треба да стане вистина - Но џабе е таа лага,иако си без совршен вид и слух ...но можеш да гледаш и слушаш.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.253
Поени од реакции
10.894
Минатата недела беше лоша и ме удри тешка меланхолија. Ми се испрплетија многу работи и наеднаш поминувам низ бес, лутина, тага, нервоза...па после следува преиспитување на самата себе, па барање вина во себе....ах таа самокритичност која не успеав да ја минимизирам. Уствари ова ми е само уште една периодична криза, период во кој мозокот ми ги потенцира сите ''грешки'', и сите опции како можев поинаку да постапам... Навечер не можам да заспијам, преку ден ми текнува на тоа кога не треба и така во круг. И поентата ми е дека премногу размислување е уствари премалку размислување. Ако не квантитативно тогаш квалитативно сигурно.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
983
Поени од реакции
3.963
Која е будалава што го лета авионот за комарци на 10 метри висина, и друг пат имало егзибиции ама сега ќе ми влезеше во соба
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.448
Поени од реакции
1.857
БАРАМ "МЕНАЏЕР" ЗА СОРАБОТКА!

Имам долгогодишно искуство во графичкиот дизајн, 3D моделирањето, веб изработка, и се поврзано со ИТ освен кодирање!

Работата функционира така што ВИЕ наоѓате клиенти како што знаете (маркетинг трикови, профили, огласи, mail и што уште не), се договарате за цена/проект со мене, и ставате процент колку што сакате да добиете. Услугите и ревизијата се преку вас.

Што ви е потребно: лаптоп/телефон за работа, маркетинг познавање и комуникациски вештини.

Платата зависи од вас, колку што ќе сработите, толку ќе заработите, на пример: (од веб страна ако наплаќам 500 евра, вие ставате 100 евра процент и на клинетот му кажувате 600 евра. Значи, доколку најдете 5 клиенти во еден месец, автоматски имате плата 500 евра).

Ако некој сака, нека ме бара во пораки, другите нека извинат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.086
Поени од реакции
81.002
Вчера вечер, околу 11 слушам некој вика: - Помош комшии, Помош комшии... Гласот доаѓа околу дваесет метри од кај што живеам, отприлика од кај едни куќи и згради. Си викам, јеби га, ако не идам ја, кој ќе иде? Ако не иде никој, никој нема да му помогне. Има Албанци тука што живеат и затоа никад не можеш да знаеш што е у питање и мора да излезеш, да видиш... Инаку, приказнава има антиклиматична втора половина.
Инспириран од константото гњавење на жена ми - да сум излегол и да сум видел, како и од сознанието дека скроз е можно никој да не излезе ако ја не излезам, со голема жалост ја оставив палачинката, се облеков и излегов.
И никој нигде нема. Идам таму од кај што отприлика го слушав гласот. Нит тој вика, нит излегол некој да провери, нит има некој. Како илузија некоја да беше. Само луѓе на тераси имаше (што значи дека не беше илузија). После дознав дека у зградата внатре било тоа, на први, некој стар човек паднал или му се слошило, па дошле и му помогнале комшиите, што е добро, ако стварно така се десило.
 

Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.661
Поени од реакции
6.118
кеј бебе,

луѓе прпадници на левиот и десниот политички табор ги гледам ко Телетабиси. Немој да се навредите, но тоа е. Не како тие во Мкд, шо по партии трчаат за пари. Тоа не е исто. Тие тоа го прават за преживување, а не за идеал кон партијата. Баталете што ви трубат форумски овде, та и едни и другите, во нивниот интерес лежи, НИВНИОТ профит, тоа е познатиот Македонски полтрон.

Но, има и едни други, убеденени во идеалите кои ги сервира нивниот табор на масата, а тие ги ручкаат со мерак. Имено, видео циркулира низ нашата божествена Хелветика. На пешачки во нашиот, од Бог прегрнат Цирих, седнуваат Швајцарка и Швајцарец припадници на зелениот табор, со пароли на ВИНА на нив - доста ни го валкате и гнасите светот, егоцентрични возачи на коли!!!. Семафорот светнува зелено за колите, но тие не се тргаат од патот. пауза (Ова е доста популарна форма на швајцарски протест, ја има има во Базел и во Берн, вака гњават дур да дојди полиција).
Продолжение. Ова беа едните, едниот, сега доста познат табор. Е сега, кон работа, низ Цирих брза мултимилионер во неговото Порше од 680 илјади Франки. Излегува од кола, дотеран, пичосан, у црно цел ко шо го личи, па ги пуца зелениве, со бес (poor thing) да му се тргнат од патот. пауза (до негде си ја има мувата на капата лепотанот, размисли кои летале низ неговата глава за ненаситните апетити кои, ни Поршето не ги смирува, му се плеснати блатантно на лист хартија, знам, разбирам и ја сум во таа категорија).
Продолжение. Ова е втората група тврди ставови, сега добро позната. Тврди ко Мадуро, тврди ко Твртко. Најако од се е што и тој е трулеж - пошто е убеден дека е правиот. И тие се трулеж, пошто се убедени дека се правите. И едната и другата група, имаат свој идеал, од сет на вредности, кои упорно сакаат да ти ги слизнат низ грло, да те загушат. Се спремни, да трујааат на нивните политички безвезални теми - до бескрај. Да го тупат, да ми рипаат над него, дур не им речам доста, ајде магла.


Еееј кеј, бедно е човештвово. И досадно. Ако тие два идеала се, СЀ што можиме да му понудиме на светов, навистина сме за нигде. Се прозевам. Ко че видам две такви групи како се караат одма фајчам магла. Пошто Боже мој, колку ебано досадно и неимагинативно. Ако животот е драма, тие ги избрале најбаналните улоги, и тоа самостојно.
Автоматски споено мислење:

па го фатив мечокот за врат. И му реков мечок,! имаш дур да избројам до три, да си го облечиш гаќите и да му се извиниш на прецедателот. И горе долу.. тоа е прекизната за тоа како бев избран за член на парламентот на Узбекистан - Аристотел. ХАХАХАХАХАХА
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.522
Поени од реакции
8.905
Драга, што е тоа што луѓето ги тера да се запиваат на бугарско? Златна македонска музика, еве ја на пример се запивам на концертот од Некст Тајм во Јане.

Лето > зимо, поготово откако кубикот дрва ги направија 4500.

Си размислувам, којкур од предностите ако живееш во куќа со двор кога навечер не можеш да седиш во двор затоа што ќе те изедат муви, комарци и други летечки нешта.
 
Член од
28 март 2023
Мислења
640
Поени од реакции
1.004
Поздрав браќа @Sussaro и @мкд владе
Александар Македонски е во престолнината на Вардарска Македонија. Обединета Македонија.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom