Драга Кајгана (виртуелен дневник)

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.750
Поени од реакции
4.518
ДК

Просечна плата ми е најомилен концепт. Политичар 2500 евра плата, обичен работник ако има среќа 500 евра, а во просек земаат по 1500 евра. :pos::pos::pos:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.949
Поени од реакции
25.473
Работи кои маж ми не може да ги разбере:

Зошто јадеме руска и кифлички за Нова година?
Што е тоа мезе и зошто не е ручек/вечера(мислеше дека похована даска ни е дел од традиционалната храна)?
Зошто ракијата се пие полека, со мезе, а не на екс?
Зошто конзумираме толку многу сувомеснато?
Зошто не купувам свежа риба и месо, туку го полнам замрзнувачот со храна за црни денови?
Какви се тие „црни денови“?
Зошто поседуваме апарат за мерење притисАк?
Зошто донираме пари за лечење на болни луѓе и животни?

Редоследот на прашањата е случаен, а можеби и не е.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.839
Поени од реакции
6.451
музикава од 2000ти ме врајча на толку убај места и периоди од мојов живот кеј. И прилепски личности кој неизмерно ми недостигаат, дел од нив расселени по америките, кој Канада, кој САД. Денес веројатно комплетно оттуѓени од ова.
Јас ова ќе го рокам до 100ка во колата и во Баден Баден, и во Базел и во Рим. И во Париз.


Го рокам и пред французи и германци и се и сешто. Различноста им ја скокотка имагинацијата за јужните словени, дебело мешани со староседелци. На волумен 100ка, во име на едно беспрекорно детство. Посебен џаминг сме имале на Слаџа. Да имав можност да се видам себе си како дете, од оваа перспктива денес, ќе го кренев малиот јас високо над рамена и ќе го бакнев в чело. Веројатно и моите пријатели, со посебен акцент на една личност која сега живее во САД. Неа би ја гушнал најсилно, 5 минути би стоел потпрен со главата кај неа на рамено. Денес, илијадници километри од оригиналниот Извор, кај што не дарил Бога првично, да сме посебни, различни. Неверојатно силни. Бетер отракани. Инспиративни и интересни во секој сличај. Силата ни лежеше, и тогаш и денес, во нашата готовност да ја прифатиме слабоста. Апсолутно. Без компромис. Засекогаш. Сега на два различни континенти. :/ Јас размислувам да го посетам Луксембург. Таа веројатно Калифорнија. Ништо од нас не остана.

Како и да е. Хајлајт на денов ми беше домашно печена штрудла од јаболка, паркирана во крем од ванила, количната на кремов беше толку, колку површински да ја покрија чинијата, ептен естетки и мајсторски направено. Ми се допаѓа нивната кујна. Не ја наоѓам толку различна на нашата, и ние прајме пити со јаболка на зимо. И тие јадат месо, централен фокус во кујната, и ние исто.

Чус-и, мва.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
9.154
Поени од реакции
5.743
Прилеп... првата пушка отепа наше дете. Не, не беше тоа блгарче, наше дете беше. И во Куманово исто. НАШИ ДЕЦА беа тие.
На прилепско, ме потсеќа Мариово, и Итар Пејо.
Се сеќавам, од Прилеп дојде и еден ГОРАН од Прилеп... МАКЕДОНСКО БРАТСТВО, ако му текнуе...
ПРОТЕСТ против промена на уставното име тогашно „МАКЕДОНИЈА“ (2007-2009)
Ама на „византиец“ не ми текнуе...
 

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
762
Поени од реакции
1.934
Decki vcera vidov edna tema za edno detence sto treba pomos, ne znam da baram niz temive i forumov, ve molam nekoj neka ja preprati, ili neka napise nesto vo nea da mi se pojavi , ili ovde neka gi podeli detalite kako da pomogneme
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.900
Поени од реакции
40.786
ДК,

Не давам на важност кога некоја позната личност ќе почине, особено не кога се работи за некој пеач или глумец. Сметам дека се надвор од реалноста тие луѓе и со ништо не придонесуваат за обичниот човек. Не го живеат истиот живот како нас, не проаѓаат низ истите проблеми. Нормално нека им е лесна земјата, ама не се потресувам многу. Повеќе почитувам луѓе од народот, кои се познати за нас обичните смртници, но не се познати во светски размери, кои иако не ги познаваш лично, ги осеќаш за блиски. Еден од нив беше и Мирко Рашиќ, или познат како Неовластен Сервисер. Обичен механичар, кој имаше за цел да го разбие лошиот збор што ги следеше механичарите од овие простори, снимаше за на YouTube, најчесто контент поврзан со механика, работа на моторот, но и се поврзано со автомобилите. Одличен лик, интересен, смешен, често снимаше и зафрканции, едноставно беше механичарот од твоето маало.

Го пратев подолго време бидејќи ми беше интересна содржината што ја постираше, и иако на видеата делуваше дека е среќен и задоволен, за жал Мирко си го одзеде сопствениот живот пред неколку дена. Депресијата е лоша работа, и се крие дури и во навидум најпозитивните ликови како Мирко.

Почивај во мир Неовластени, а небескиот свод штотуку го доби својот најдобар механичар.

И да во право си, Голф 2 е најдоброто ауто во историјата.

AC58CA06-7DCA-43D9-8A14-33E0B13875A7.jpeg
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.163
Поени од реакции
13.391
Јас само да ги пофалам Прљаво Казалиште, вечерва ми беше 3ти пат да присуствувам на нивни настап, а притоа имам доста пати на многу екс ју бендови присуствувано, ама таа енергија што ја имаат Казалиште ми е ненадминлива. Плус агендата беше доста различна од таа на првите 2 концерти/настапи, така да worth every penny што би рекле англичаниве. Браво и за овие Pure што им текна секој екс ју изведувач да го донесат, посекако немаше шанси да стапнам на друг начин во овие нашиве сералки дискотеки. Несфатлив ми е хејтот од некои ликови како демек “доаѓаат срби/хрвати се палите, а за македонски изведувачи не поддржувате“, па самата помисла да споредам Казалиште со некои од нашата сцена сакај Куку Леле, сакај новиве 2 Бона, Дупер, независно кој жанр, ми оди да си брцам со виљушка во око. Некој 45 години на сцена, 15 албуми зад себе, хитови за генерации и генерации оставени, ама не ние не треба тоа да поддржиме, туку исклучиво нашето непостоечко. Бар имаш избор да бираш дал да слушаш Казалиште, Цеца или Колонија и активни се сите, тука уште потпишуваме петиции Врчак и Пилева пак да снимаат песни.
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
302
Поени од реакции
586
Она кога дете од 15 години има повеќе тестостерон од возрасен човек :pos:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.668
Поени од реакции
37.648
Кајг,
во еден здив ги изгледав четирите филма John Wick со Keanu Reeves , не само што уживав онака во појавата на обичен небилдан фраер како што е Кијану со негови едноставни тепачки со доловени ситници што даваат тотална реалност со порака што значи вистински „правило и последица“ во животот, туку максимално уживав и во бексаундот, песни кои првпат ги слушнав од непознати пеачи како што е Marilyn Manson, типацот си ги присвоил во својот пседоним името на Мерлин (Marilyn Monroe) и на Масон (Charles Manson), посебно песната „Killing Strangers“ мнооогу јак ритам со забеган текст!

 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
302
Поени од реакции
586
Ова се случува кога ќе го наречеш Мајк Тајсон осудуван силувач,среќна околност за човекот беше што преносот беше во живо иначе верувам ќе завршеше во болница со пукнати аркади и скршена вилица...:ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom