кеј, се сеќавам помеѓу средно школо и факс имав една преодна година во која незнаев што со животот.
Како ја преживеав, незнам. Но, многу работи беа тргнале на лошо, здравјето на семејни членови, моите перспективи и животни изгледи, максимално на нула или подолоу на графиконот, од -1 до -7.
Моето здравје.
Се запишав во библиотека. Решив да читам што е можно поедноставни книги. Од тие на кои што интелектуала(ва?)та не фрла ни мрсул, од нив чапав по 10ци ко да нема утре (можи и немаше да има), дури и библиотекарот ме гледаше со прекор. А зошто да ја читам Клетници? со револуции, со политика!! со проститутки болни од туберколоза кој умираат по смрзнати калдрми? Тогаш сум океј? Или некој руски книги, каде жени се самоубиваат под воз. Не, фала.
Хел но. Животот и онака притискаше. Затоа јас се решив да читам Гијом Мисо, или Русокосите од Бергдорф.
Е ова вторава кеј, ми оставила таков впечаток. Тип на книга што уште одназад кога ќе прочиташ што пишува знаеш дека ќе е чизи. Токму тоа ми требаше. Далечен свет. Од кафена есен во Прилеп, страниците ме однесоа во Њујорк, ( ех, и во Шкотска? при крајот). Го следеше животот на една новинарка, пишуваше вести во моден магазин од ЈуЕсА. Животот и беше таков персонален хаос, што статиите никогаш не и беа напишани на време, нешто што го поткопа нејзиниот професионален авторитет. Но сеедно, со другарката ќе појдеа во Бергдорф, таму ќе добиеја обена руса коса - поуба од природна, па ќе свратеја кај личниот хирург, да им в бризга витамин ц под кожата, за да им е што побела - и се друго беше небитно. Нели, во отсуство на длабочина и субстанцијално значење во животот, човекот се префрла на раскош и пороци.
Сигурно, ја зедов книгата за да ме натера да заборам на себе во тој период. Ама при крајот имав толку емпатија со девојкава (автобиографска и беше книгата). Имено се бореше со депресија и масивните подеми и падови на енергија кои болеста ги носи со себе. Затоа никогаш не втаса да заврши вест, како што тоа би го направила здрава жена.
Иако бев на нула. Дете од Македонија, со затворени врати пред нос, од секаде, на секое поле, меѓу вас македонците никогаш не бев популарниот, повеќе бев закана и проблем, морав да сум сместа отсечен и заборавен - или да трчкам по партии, а за ова баш, БАШ немав мерак. Покрај читајне често одев на Селечка планина над ПП да возам точак или да пешачам, сам. Јас имав толку емпатија за женава. Таа различна нација, сталеж, град, околина, ама сепак она најважното, таа беше само уште еден човек. Мило ми е што во таквите моменти, во кои совршено можев да колнам по елити и банкари и бирократија и нефер живот. Јас успеав да гледам низ призмата на човечноста и да видам повеќе од она површинското и плиткото. Да видам човек. Без разлика колку нејзиниот живот и теми беа далечни и несоодвенти за мене, и денес се. Се надевам дека денес и оди подобро, и дека никој не ја нашол во хотел по бајнарка во сандалки со топче од кристали на нив, вака си го планираше совршеното самоубиство. И беше многу важно како ќе ја најдат. Се надевам дека нашла љубов и спокој, и мир.