Драга,
Колку ми е тажен животот во месеците кога не го слушам славејчето. Навикната сум во пролетните месеци до средината на јули да седам на балкон во ноќта и да му се воодушевувам на прекрасната музика која ја произведува. Некако ми буди оптимизам, надеж, среќа. Некогаш кога не сум на работа прва смена, буквално на балкон ја минувам ноќта, зошто знам дека ќе замине за брзо во летото. Еве веќе два месеци го нема и не можам да опишам колку ми недостасува. Ајде, трпение ќе дојде нова пролет, ќе се врати и ќе ми ги исполнува ноќите со надеж.