Што се однесува до глупоќата. Постојат многу класификации, но една особина е заедничка за сите, глуп чоек не знае оти е глуп. Првиот чекор за да се излезе од таа состојба на умот, а се излегува обично кога видиците ќе почнат да се шират и прво сознание е само спознанието за сопствената глупост. Просто кажано: кога ќе дознаеш уствари колку не знаеш. Главна пречка на овој пат е сопствената суета. Ние сме веројатно најсуетниот народ на планетата, hence затоа и не правиме никаков прогрес, ни на личен, ниту пак на колективен или општествен план. Кај нас секоја реченица, секој муабет почнува со јас. Тука веројатно улога има и недостатокот на емоционална интелигенција, но тоа е поопширна тема на муабет.
Сум сретнал доста луѓе кои што по некои општоприфатени критериуми од општеството се сметаат за паметни и успешни. Но ние сме општество на парадокси, кај нас глупоста владее и таа дефинира кое поведение е прифатливо, креира култура на живеење и создава свои норми. Вистински паметните личности обично имаат капацитет да ги согледаат овие аномалии. Предизвикот тука е како да му се објасни на глуп чоек дека е глуп и тој навистина да разбере. Посебно во општество како нашето, каде што глупоста зазема доминантна улога.
Во нормални околности тоа би било задача на образовниот систем, да ја исфилтрира глупоста и таму каде што може да ја корегира и превенира. Што правиме кога и овој механизам е инфициран од глупоста и раководен од истата?
Е тогаш се раѓа и создава општество како нашето, каде што глупоста зазема такви димензии што мислата на Ајнштајн за вселената и човечката глупост го добива своето потполно значење.
Каква е судбината на едно такво општество кое што е во зенитот на сопствената глупост? Мислам дека не е тешко да се предвиди. Во вакви едни околности блазеси му на глупавите оти немаат капацитет да ги разберат последиците од сопственото незнаење и игнорантност. Жално е за оние кои што се свесни и со очи ширум отворени се принудени да ја сведочат колективна пропаст, во немоќ да направат било што за да ја спречат.