„Брат сум бил јас по Европа, по Германија... Да ти кажам нема подобри луѓе од нас Балканците. Абе ние сме луѓе со душа, кај можат овие од Западот со нас, ладни луѓе се тоа. Ние со сите сме добри, сите сакаат со нас да се дружат. Туку слушна ли за ова Евреите што беа во Куманово? Опасна секта друже. Тоа треба се да се испозапали, траг да не му се знае. Добро им правел чичкото со бркчињата, арно си знаел тој...
Него остај тоа, ја слушна песната за Евровизија? Не ја бива бате, до кога со такви жалопојки ќе одиме? Евровизија е тоа, си треба нешто весело. А ја виде онаа што ќе пее? Северџанка била викаат. А и гледаш каква е? Сигурно е лезбејка некоја... Еј абе слушна дека Аца Лукас ќе пеел за Србија? Цар е бе, алал да му е, растур има да направи таму, може и ќе тепа ако не е наместено.
А Олимпијада гледаше? Гледаш нашиве кој резил се? Ја да идев брат гарант ќе бев десет места погоре од тој Ставре, ако се немам на скии качено. Не бе, за ништо не не бива. Ја не знам шо не ги потрошат парите на нешто попаметно...
А виде на Русиве шо им прават? Ги местат демек допинг ова-она... Тоа Американците прават пошто овие во се ќе земат злато... Си видел ли ти некогаш Американец да биде суспендиран за допинг? Кој? Кој беше тој Ленс Армстронг? А оној глумецот во Dodgeball што глумеше... Не бе брат, тој нешто против Обама беше, знаеше нешто па го наместија...“