ДК,
стигнав до 10.000-ката, секако сакам да ти ја посветам на тебе.
Дојдов пред 8-9 години, навлечен од мирисот на Религија и Литература и натпреварот на знаења, а денес тие мислења се само една бледа трага од златната ера на форумов. Сега воочувам постепено будење во Литература, што ми го исполнува срцето.
Во меѓувреме ги проширив своите хоризонти и на други подфоруми, на теми кои дотогаш никогаш не ми биле предмет на интерес, секојдневно ги читам подемите и падовите на овие со волја да ги споделат со сите нас, интересните животни искуства, среќните и тажните мигови, сеќавања и спомени. Мислам дека развив е пријателски однос со дел од широкото членство, дури и дадов ветување дека ќе се појавам на некоја собиранка!
Годинава ми започна одлично, во друштвена и семејна атмосфера. Патем и ова е мојот омилен период од годината каде можам повеќе време да посветам на активностите кои ме исполнуваат, а вообичаено се ставени во заден план поради професионалните обврски. Тајната лежи во колективниот одмор.
Голема благодарност до сите оние кои ме дружеа сиве овие години, кои ми препорачува книги и филмови и кои ме смееа до солзи. И оние кои ме провоцираа и пецкаа и ме тераа да размислувам надвор од кутијата. Со форумов и пораснав и созрев.
Форумот, како концепт, е прекрасно место за размена на мислења, ставови и искуства. Прекрасно место за запознавање на личности, карактери, па и луѓе. Прекрасно место, анонимно, за барање решенија за излез од животните лавиринти. Независно каков си, кој си и од каде си, за тебе има место во заедницата. Има од сѐ и за секого по нешто. Како што рече еден форумџија: форумов е Македонија во мало.
Да сте ми живи, здрави, среќни и весели сите.