Денес излегов во 7:45, дома се вратив во 23:15. Мразам работни состаноци во кафичи со кујна, т.н. лаунџ барови. Кога ги закажуваш личи примамливо, пошто си викаш еј таман дур трае состаноков ќе се најадам, па ќе утепам и работа и јадење во едно. На крај испаѓа обратно, прво јадеш, па работиш и си изгубил дупло повеќе време него што првично си планирал.
Викендов ја гледав ,,Мојот маж" во драмски по текст на Румена Бужаровска, а режија на Нела Витошевиќ. Брутална претстава, пак се изнаплакавме, иако овој пат девојка ми почна да плаче на првиот збор од претставата

cant top that. Ретко ми се свиѓаат претстави во нашиве театри, па две по ред е џекпот. Секоја чест за Нела, експериментира со стилот и за мене барем е полн погодок. Екипата страшна. Одлична глума од сите, Сара Климовска и Исмет Шабановиќ глумеа во двете, и во двете перфектно си изиграа. Особено Сара, со оглед на тоа што женските улоги беа носечки во двете претстави. И останатиот дел од екипата перфектно одигра, се гледа дека освен професионално, и емотнивно се вложуваат во улогите. Маестрални. Препорачувам на сите. А уствари треба да проверам дали има и тема за театар на форумов, ако има супер би било да се активира.