Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Година 2015. Уште постојат луѓе кои паѓаат на onion вести. Да биде ситуацијата потрагична, најчесто тие луѓе се уредници на портали во државава и ги пласираат како вистински вести.

Инаку, многу ми се интересни луѓе кои солат памет на тинејџери во стилот “иди фати книга во рака, не да се замараш со вакви глупости“. Веројатно тие луѓе на 17 години решавале исклучиво само и само квантна физика, го слушале само Моцарт и Бетовен и ништо друго и никогаш не се замарале за глупости. Уште од раѓање имале 65 години.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Драга,

Балетанките се најмизерната работа евер.
Помина година и некој ден од кога моите дотогаш едни и единствени купени балетанки завршија во контејнер, а јас последните 100 метра ги доодев боса. Никој мислам не ме виде. Ми требаше од тоа срање од обувка месец дена за да ми се вратат малите прстиња на стапалата во ок форма. Матер ми расплакаа, фластери не знам колку потрошив.
Гледам цениве им се исто ненормални, ај што се од ебано неподнослив материјал за стапало.
Денес си најдов нешто слично на нив, а и многу различно. Удобни се, не ми требаат фластери, и затоа си земав два пара! Во две бои! За цена колку еден пар балетанки!
Ебете се балетанки, во живот не планирам да фрлам више пари на вас.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.018
Најлошо е да си доволно грд за сите убави и просечни женски, а доволно убав за грдите :цицки:

Ретко кој знае дека единствениот тим покрај Депортиво за кој навивам од странските екипи е Јувентус :icon_mrgr: Не ми се верува дека се пласираа во финале на ЛШ, после илјадници години ќе имам некоја "моја" екипа за која ќе навивам во финале.
Вечерва наздравуваме за старата дама :pijanco:
:oeoeoe:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Кајг,

добро утро, убаво утро :)

Сабајлињата на работа ги сакам поради убавото кафенце и убавиот поглед од прозорче и убавиот мирис на пролет :pipi:

 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
Последен пат кога се стрижев, истиот ден летав од работа.
После толку време се истрижав, и со точако си возам. Гледам една типка стегната. Уф бомбона :love: и не видов дупка пред мене. Од ударот ме заболеа тестисите, ама продолжив. Под две секунди на истата раскрсница, две кули судар направија.
А Прилеп Кајги можи го знајш, можи не го знајш. За добро утро се користи: Кај си да тибам (нешто женски род од фамилија), па замисли за сообраќајка. Уште поинтересно ми беше тоа што експрено на сите куќи се отворија прозорците.

Викајте ме баксуз.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
ДиКеј, очекував од децава пријавени на детските трки од Skopje Marathon да одат да си ги земат медалчињата од Сојуз на спортови на Скопје, сепак, деца се, сфаќаш, знам јас како сум се радувала на првите медали од пливање макар што беа и од детски купови такви, небитни ко што би рекле на форумов.

Ама телиња од 30+ години бе? Плачат се спремале долго, пиеле калциуми, магнезиуми, истрчале не знам колку километри, а ние 3-4 души што требаше 2008 да идеме во Пекинг а не појдовме ради синот на директорот на ПФМ гроб ли да си ископаме? :lolzz: Да ви нацрта дада нешто. Вие што се пријавивте за манифестацијава а изминативе 3-4 дена ги поминавте во

- прашување кај може да се земе медалот и што е најтрагично си ги зеле;
- кукање зошто се одложило;
- кукање зошто на странците им пропаднале парите и немало никад више да дојдат;
- ломотење како два месеца спремање пропаднале во вода (Хајле Гебреселасие и Пола Редклиф гомна да јадат);
.
.
.

Не сте за спорт. Не може некој да ме убеди дека ваквиве го трчаат маратонов поради нив, поради лично достигнување, за нив себеси. Ова се позери накотени кои најчесто не само што не ја завршуваат трката туку и додека трчаат праат муабет на мобилни, пијат вода 20 минути и праат по 200 слики на финиш.... И која е сатисфакцијата да имаш дома медал од трка што не се одржала? :lolzz: Истрчале вчера 21 на кеј и демек заслужен, ами на кеј не те пече асфалт, немаш отворен простор пред себе, немаш публика. Луѓе загинаа, овие кукаат. Цитираат некој странец, 3000 долари го коштал превозот и спремањето, не биле фер од град Скопје, па уште 3000 нека го кошта, ми е гајле, никад нека не дојде да дадe универзумов. Дел од Грузиските олимпијци 2008 ja напуштија Олимпијадата поради војната со Русија за да бидат со своите фамилии иако се спремале најмалце 5-6 години за една трка, око не им трепна, нашиве 2 месеца трчале и солзи крокодилски, страшна работа. А па за Шарли Ебдо редеа слики и статуси, сега град Скопје бил виновен за маратонов, како смееле вака да прават, морете гонете се у пичку матер. Земи испцуј го тоа нигериштето или што и да е не онаму му викаш да да како смееја....

Спортот мене а и сите други кои се бавеле со него ги научил да ја гледаат и вистинската негова страна, колегијалност, здружување и сочувство кога е најтешко. Не е поентата да платиш и да се пријавиш. Секој го може тоа. Ама ајде, каде сите Турци, таму и Асен, нема поговорка која подобро не опишува како народ.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
"Е здраво друже, слушам си сликал прашања на испит?"

Да бе друже, фотосесија им правам.

Also,

GTFO that table!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom