Кајг,
ги слушам со недели се жалат нема вода, езерата со најнизок водостој, куку леле што ќе биде ова - еколошка катастрофа и ете ги слушнал молитвите Господ и решил да ги сослуша:
- „ај да им пуштам малку вода на овие чеда и онака се утепани „во својата земја“ и „својата држава“ и „своја татковина“ !
- кап кап кап вррррр, ете дожд насекаде, убав здрав дожд веќе неколку дена ...и ?
куку леле, поплави ...луѓе многу вода, ќе се руши брегот (а тој воопшто несреден и неспремен за поголеми водни текови), да ги спомнам градовите?
...сега Кајг очекувам да кажат, а сме среде зима, „снегот не изненади“ заврна снег ејјјјјј снег во јануари кај го има тоа,
ете пред малку гледав на ТВ „паднало дрво на патот кон Маврово“, ТВ Сител на лице место, новинарот мавка со рацете и со микрофонот горе доле, небаре воземјани се спуштиле со вселенски брод, покажувајќи со раце позади себе без здив, „еве се сече дрвото“ мислам ејјјј брејк нјуз, тоа луѓе се собрале паднало дрво на пат, голема работа, мислам ејјј застанати автобуси, туристи од Албанија чекале 45 минути демек ејјј голема трагедија чекале дрвото да се тргне, а одозгора овој од Сител новинарот им зема интервију, а избраниот турист од автобусот, како од Лондон да е дојден а не од Албанија, дава изјава на англиски со шкипски акцент, као ејјј разочаран бил „како може такви патишта да има тука и да падне дрво на пат, а сме сакале да влеземе во ЕУ“ ,
ејјјј мислам немам коментар, ама да бев таму ќе го прашам „што е пат за него“ и што очекува „да падне“ на планински пат „змеј“ нешто? или би го прашала како се патиштата од каде доаѓа, ејјјј мислам , иди бре у Швицарска изигравај турист, ако не ти чини тука!