Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.473
Поени од реакции
16.083
Драга,

Каков тежок живот, што на личен план, што за клубот кој го сакам од детство. Капак на се беше денеска кога ме изми дожд додека возев точак, згора на тоа некој бивол со автомобил се залепи на неколку сантиметри од мене, па ја изгребав раката од трње...Што би рекол еден познат белградски музичар:

Ово се тешко
може назвати живот,
а, знам сигурно да
није ни смрт.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Кога бев помал постојано им се лутев на моите зошто не сакаат да ми купат мобилен. Ете сите деца во маало или школо имаат мобилен па зошто јас да не. Е арно ама јас не се соочував со проблеми од типот ,,ми го украдоа телефонот" ; ми падна, ми се искрши" ; ми падна во шоља" итн останати глупости. Кога ќе требаше да ме приберат за дома, ќе ме повикаа од тераса и тоа беше тоа. Ако не јадев тоа што ќе го зготвеше мајка ми не се рачунаше дека сум јадел. Не дај боже да речев не ми се допаѓа манџата, да побарам хамбургер да јадам, автоматски тука ќе заиграше влечката. За Милка да не зборам, можеше да се јаде само ако нејзиното височество дозволеше и тоа под услов прво да се изеде манџата секако, па дури ни тогаш не.
Да се има клима дома, тоа беше научна фантастика. Се ладевме со ветренцето што дувкаше од сите страни. Кое сега за жал го нема поради новите згради што се изградија и го спречуваат. :(

Според тоа како денешниве ги гледам аздисани наоколу јасно ми е зошто тогаш не сум имал ни телефон, зошто не ми дозволувале да се задржувам на компјутер повеќе од саат два, освен ако не било нешто итно за школо, проект некој. Јасно ми е зошто Милката само на сон можев да ја јадам во изобилство.

Денешниве. Живее на 2ри спрат се качува со лифт нагоре :tapp: уместо да ја остави бабата што живее најгоре, да не чека доле со кеси во рацете. А јас и точакот си го качувам дури пешки до 5ти спрат.
Имаат 10-12 години, се понашаат како да се 110, кој од кој помрзлив.
Ај што се мрзливи него и не се знае кој го држи рекордот на нездраво хранење. А ти се жалат дека биле дебели, болни, се нешто им е. Епа почни да спортуваш активно секој ден, намали тоа хамбургерите малце, оди еднаш неделно на Водно пешачи нагоре, медитирај, пиј повеќе вода него ли кока кола, намали цигарите (ова за средношколците го мислам) и да видиш како нема да бидеш ни елегантно попунет, ни укочен, ни со вишок шеќери и масти и нема да се уморуваш после вториот чекор. Немаат кондиција да одат бре, е ова најмногу не можам да го разберам.
 
Последно уредено од модератор:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Кајганке :love:

Што е работава со преносов од рушење на дивоградбава?
Демек еве, нешто работиме? Демек ќе прикажеме почитуваме закони и сл? Или една се руши, а во позадина 100 се градат?
Ај може ќе им текне да се отвори некој тв канал, пандан на собранискиот, со назив „РУШИ МЕ“ :sneaky:

П.С. ПР-ов на владава (n)
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Драга,

Денов има ли во план да заврши некогаш? Трае ми се чини 3 дена. Трачанка низ град, среќа па уште е празно. Ама застанав на плоштад, купив едно кафе од трафика и седнав на скалите да го испијам, ако не го направев тоа ќе требаше да чекам до сега да се напијам кафе. За тежок кафехоличар како мене, тоа ич не е забавно. Едно детенце ми побара 5 денари за лепче, му дадов 50 ама знам дека не се за лепче. Обично им купувам од продавничка храна и им давам, ама сега немав сила. Башка се носи ли штилка на ваков ден Кајги, кажи ми хумано ли е на 9цм да го акаш градов уздуш и попреку? Ама платив се, сметки, пошти, фактури, набавки, обавив шопинг и однесов дома, нахранив куче и продолжив. И таман решив да одмарам вечер зошто сум сама, ми се јави другарка ми да и го причувам бебето 2 часа за да отиде на контрола, нормално дека ќе го чувам. 2 часа јас и малиот Миха, оооо, има да го галам, да го гушкам, да му ги јадам бутките, да го скокоткам... Ич нејќам да сум сама дома, се научив да е со мене цело време и сега ми недостига. 6м немаше отидено на пат, ама веќе мораше, чоекот ми недостига и тоа е тоа. Можеби ќе одам до кај братучетка ми ако се накани да стане од кревет, не ми се слушаат жалопојки. А може и ќе си легнам во дневна, ќе спијам со пуштен телевизор и ќе чекам да дојде утре за да си го соберам чоекот од аеродром.

Си ги прочитав старите мислења, кога ми фалеше ден да одморам, се би дала сега да имам 4 свадби во еден викенд, да не можам да си седнам на дебелото мевце и да спијам по 2ч се на се. Ам то ти е. Викендов ќе си ја спремам сопствената свадба, ќе си го направам најубавиот бидермаер, ќе си ја направам траката за коса која одсекогаш ја сонував, фустанот е готов, младожењата е спремен, малото невестиче се предомисли и нејќе да носи фустан туку краток шорц и боди. Свекрвата нема да дојде, конечен одговор, кумот најави изненадување, старосватицата е нервозна оти се попраила 5 кила... Не може да е едноставно, нели?

Убав ден кајганци, одам јас да превземам должност над бебе Миха.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.640
Поени од реакции
27.880
Еднaш прoчитaв негде,или мoжеби нa телевизијa гледaв,нaјверoјaтнo се рaбoтеше зa некoе племе кoи плaчaт кoгa се рaѓa чoвек,a се рaдувaaт кoгa умирa.Нештo кao у стилу се рaѓaш дa се мaчиш a кoгa ке умреш си се спaсил.Кoлку прoклетo се вo прaвo
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.054
Поени од реакции
4.025
Драга,

Се после нејзе ми е некако безврска, еве денеска точно 1 година од како се разделивме, кај мене ништо не се смени, уште ја гледам со истите очи, уште се надевам дека некогаш ќе ми се јави иако свесен дека е сето тоа залудно. Кажуваат со тек на време ќе стане сеедно, но кај мене не е така. Боли, боли се повеќе и не престанува никако. Болат сите моменти, гледањето на стари слики. Ми се чини на моменти дека никогаш повеќе нема да се заљубам. Како вика еден стих од песна "u svakoj jos te trazim posle nas". Е баш тоа го имам. И баш ова време беше кога ми раскина, а јас седам, пијам цело попладне и тек тук некоја солза ме пролазува. Ох животе, зошто мораше да го искусам ова, но ќе помине, мора да помине...барем се надевам. </3
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Драга К,

Инспириран од некое претходно мислење на темава во врска со бившата сакам да се навратам на едно мое такво мислење што го постирав на 26 ти април..

Денес и беше роденден на бившата. И после 2 години сеуште ми фали. Таа најверојатно во ретките моементи кога ќе и текне на мене сигурно оди во стилот нешто вака.. "Уф, како сум можела да бидам со таков дечко", и не ја обвинувам.
bla bla..
Нешто не сфаќам.
Е сега моментот е што после месец дена од никаде ми пиша и се смиривме и сега пак сме заедно. Сакам да кажам дека тогаш кога научив да живеам со себе и да бидам среќен со себе без никој друг тогаш некако магично почнуваат да ти се отвараат секакви можности и да се појавуваат интересни прилики и без двоумење треба да се прифатат. Може нема да биде ист како мојот случај но дефинитивно ќе биде нешто добро. Барем така ќе биде ако така веруваш дека ќе биде, секој си го прави изборот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom