Кога бев помал постојано им се лутев на моите зошто не сакаат да ми купат мобилен. Ете сите деца во маало или школо имаат мобилен па зошто јас да не. Е арно ама јас не се соочував со проблеми од типот ,,ми го украдоа телефонот" ; ми падна, ми се искрши" ; ми падна во шоља" итн останати глупости. Кога ќе требаше да ме приберат за дома, ќе ме повикаа од тераса и тоа беше тоа. Ако не јадев тоа што ќе го зготвеше мајка ми не се рачунаше дека сум јадел. Не дај боже да речев не ми се допаѓа манџата, да побарам хамбургер да јадам, автоматски тука ќе заиграше влечката. За Милка да не зборам, можеше да се јаде само ако нејзиното височество дозволеше и тоа под услов прво да се изеде манџата секако, па дури ни тогаш не.
Да се има клима дома, тоа беше научна фантастика. Се ладевме со ветренцето што дувкаше од сите страни. Кое сега за жал го нема поради новите згради што се изградија и го спречуваат.
Според тоа како денешниве ги гледам аздисани наоколу јасно ми е зошто тогаш не сум имал ни телефон, зошто не ми дозволувале да се задржувам на компјутер повеќе од саат два, освен ако не било нешто итно за школо, проект некој. Јасно ми е зошто Милката само на сон можев да ја јадам во изобилство.
Денешниве. Живее на 2ри спрат се качува со лифт нагоре

уместо да ја остави бабата што живее најгоре, да не чека доле со кеси во рацете. А јас и точакот си го качувам дури пешки до 5ти спрат.
Имаат 10-12 години, се понашаат како да се 110, кој од кој помрзлив.
Ај што се мрзливи него и не се знае кој го држи рекордот на нездраво хранење. А ти се жалат дека биле дебели, болни, се нешто им е. Епа почни да спортуваш активно секој ден, намали тоа хамбургерите малце, оди еднаш неделно на Водно пешачи нагоре, медитирај, пиј повеќе вода него ли кока кола, намали цигарите (ова за средношколците го мислам) и да видиш како нема да бидеш ни елегантно попунет, ни укочен, ни со вишок шеќери и масти и нема да се уморуваш после вториот чекор. Немаат кондиција да одат бре, е ова најмногу не можам да го разберам.