Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.420
Поени од реакции
10.351
Кајга....
Навистина ми прекипе, ова нема смисла:mad:
Почитувам туѓа вера, почитувам кој како сака нека биде облечен.
АМА морам да пцујам, ржам и да ..МА да им ебам се живо и диво, племе ви јебем..:vozbud:па кој курац влагате облечени во базен каде се бањаат дечиња:mad::mad::mad::mad::confused:
ај ве толерираме во езеро што се капете со тоа мантилите и шамиите, ама и во безен!!!!!!!!!!??????
:mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad:
 
C

CoolIris

Гостин
Кајг,

Можеби за некој ќе звучам патетично, а можеби и не...Сеедно, полесно ми е вака.

Животов е чуден. Вчера ова време, пишав дека свежиот воздух, тишината и мирисот на дожд ми пријаат и дека се чувствувам толку исполнето.... А видиш, вчера не правев ништо, се излежавав по дома. И како за момент се да ми беше заборавено.

Денес...цел ден се занимавав со нешто.... и сега излегувам на тераса во надеж дека уште еднаш ќе го проживеам она убавото од вчера...и оп, флешбекови... клучни настани ми се врткаат во глава. И тоа што треба и тоа што не треба. И тоа што сум заборавила и тоа што не. И тоа што сум преболела и тоа што не. И таков стрес си создадов сама на себе во ниедно време.... и ова не е првпат.

И си реков сама на себе... Ирис, жениште лудо, зошто по ѓаволите не стегнеш заби и не продолжиш да си го живееш животот како што треба?! Толку многу големи успеси имаш позади себе...толку многу нешта си постигнала сама за себе, па зарем заради тој еден неуспех вечно ќе тагуваш? Дај си време на себе, фокусирај се на нештата што те прават среќна, продолжи да пливаш женска главо! Ако сакаш.... можеш! Волја, надеж и желба, позитивни вибрации....и ќе успееш. Знам, дека ќе успееш... само keep swimming.

15.08.2020 - never happened. Среќна си ти женска главо.

Епа Кајг, се одјавувам.
Ќе одморам од тебе некој ден.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.175
Драга,
Понеделнички отворам една книга, кога внатре низ страниците на книгата пријатно изненадување: си најдов пари во книгата. Сум ги оставал парите во книгата и со тек на времето сум заборавил дека во таа книга сум оставал пари. ;)

Добар старт на нова седмица.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Луѓе што тврдат дека на балканов се прават најголемите изборни криминали и дека владеат бугарски возови, полнења на кутии, паѓања на дикови, гласање без идентификација, доаѓање од "срансво" само за да се гласа за "своите" и гласање на еден човек за фамилија од 50 членови што "ете, болни се, не може да излегуваат од дома" и слично... очигледно не се заинтересирале за сите изборни срања што се дешаваат во САД.

Еве, најново, гласање преку пошта.

Маестрално, лулка на демократијата.

Античките грци немало нешто волку генијално, иновативно, напредно и демократско да измислат.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Во време на политичка криза, многу луѓе се прашуваат што да направат и што е вистинскиот потег.

Едноставно е, само треба да гледате што се случува и да отворите очи и да не дозволите да бидете манипулирани.

Значи вака.

Ај да почнеме од најновата партија на политичкото небо - ЛЕВИЦА.


Во фејсбук статус долг како пенисот на Мандинго, поранешниот пратеник Павле Богоевски вели дека Димитар Апасиев во своето срце го крие вмровскиот лав.

1597713207538.png


Значи, едноставно е.

Глас за ЛЕВИЦА = Глас за ВМРО

Арно ама некои луѓе мислат дека ВМРО е сменето од времето на Груевски, и дека глас за Мицкоски е глас за Мицкоски.

Сепак, ова е грешно.

Во оваа реклама може да се види дека Груевски сака да се врати назад (под претпоставка да владее со ВМРО), а за тоа да се случи мора да победи Мицкоски.

1597713307445.png


Значи, како што може да видите:

1597713379146.png


Глас за Мицкоски е глас за Груевски!

Но, има луѓе што сепак го сакаат Груевски.

А истите тие луѓе што го сакаат Груевски, го мразат Али Ахмети.

Е па, овие луѓе не треба да гласаат за ВМРО бидејќи:

Глас за Мицкоски е глас и за ДУИ, освен тоа што е глас за Груевски:

1597713489449.png


Значи да повториме пред да продолжиме понатаму:

Глас за ЛЕВИЦА = Глас за ВМРО = Глас за Груевски = Глас за ДУИ

Е сега, некој ќе каже, значи логично, останува да гласам за СДСМ?

Е па,

1597713589120.png


СДСМ ќе прави влада со ДУИ и Ахмети, што значи дека:

Глас за СДСМ = Глас за ДУИ.

Што ја носи теоријата во:

Глас за ЛЕВИЦА = Глас за ВМРО = Глас за Груевски = Глас за ДУИ = Глас за СДСМ

Е сега, ти драг читателе додека го читаш ова сигурно си мислиш "Бреј да му ебам мамата, све ова у курац нека се носи, НЕМА ДА ГЛАСАМ!"

Е тука те чекаат бе пријателе!!!!

Ако не гласаш, тоа значи дека ти уствари гласаш за Груевски!

1597713700227.png



Значи, ти, седиш дома и не гласаш и со тоа гласаш за Груевски.

Нормално, ако гласаш за било која од партиите што не се спомeнати во листата погоре тоа значи дека ти го ситниш отпорот.
Отпорот против кого?
Не е битно, битно го ситниш и гласаш за партија што е продолжена рака на една од другите партии!

Не знам како не е јасно и како се уште има луѓе што не ја сфаќаат ова математика.

Ептен е едноставно.

Затоа, на следните избори направете го паметниот избор.

Немојте да седите дома бидејќи тоа е глас за Груевски.

Немојте да гласате за ВМРО бидејќи тоа е глас за ДУИ.

Немојте да гласате за ЛЕВИЦА бидејќи тоа е глас за ВМРО.

Немојте да гласате за СДСМ бидејќи тоа е глас за ДУИ.

Немојте да гласате за албанска партија бидејќи тоа е глас за СДСМ/ВМРО

Немојте да гласате за помала партија бидејќи тие се продолжена рака на ВМРО/СДСМ

Ако не го направите правилниот избор тогаш вие сте виновен за ситуацијата во која што се наоѓаме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom