Драга Кајгана (виртуелен дневник)

J

joli1

Гостин
Дадов отказ.

Причини зашто дадов отказ има многу, отказот беше сигурно решение за одредени работи и беше очекуван, но тоа што не беше очекувано е тоа како одредени колеги си ги покажаа правите фаци, како и тоа колкава суета имаат одредени и колку годините немаат врска со зрелоста.

Во тек на моето работење во фирмата сум бил најколегијален, кому и да требало да го мењавам сум го мењавал, кога некому не му се работало сум му дозволувал да излезе од работа порано, сум работал две смени само за некој да си ги следи соништата и да проба да створи нешто, сум вршел додатни обврски кои други требале да ги вршат само за да им помогнам, сево ова без да тражам ништо заузврат.

Со колегите се до пред отказот бев во супер односи, но со одредени супервизори мојот однос беше нарушен поради нивната суета, неспособност, незрелост и мрзеливост, како и тоа што поради нивното забушавање ми се правеше директна штета во секојдневното работање, па затоа поради нив имав голема доза на непријатни ситуации со клиенти. Мржњата помеѓу мене и одредени супервизори беше еднострана, т.е ја немав ништо против дечките, но они имаа многу против мене бидејќи одредени ситуации во кои тие што забушаваа беа пренесени на шефот од страна на моите колеги, но не и од мене.

Сега, пред да дадам отказ дочекав колегата на кому сум му излегол у пресрет многу пати, кого сум го мењавал секоја недела и тоа моите најдобри смени сум му ги давал, кому сум му дозволувал да излезе од работа порано и со тоа јас сам сум ги работел смените, истиот колега кој нема во два дена ниту една цела смена изработано да ме кодоши, да лаже, да ескалира ситуации и да лобира со истите тие кои што на дневна база му креираа безброј проблеми и стресови.

Поради неговото кодошење и лажење направи да бидам парично казнет за еден ден исто онолку колку што имав добиено кога работев два месеци без слободен ден, сам на смена во период кога ниту двајца на смена не можеа да постигнат.

Најинтересниот дел беше после давањето на отказот, кога добив реферати на ФБ како тој бил во право, како ја сум бил незрел со тоа што не сум сакал да седнам со него на кафе и да разговарам, како неправилно сум изреагирал со тоа што сум дал отказ, бла бла бла.

Многу јасно дека нема да седнам на кафе со некого кого лично го имам видено и слушнато како ме кодоши и лаже кај оние што најмногу ме мрзат во фирмата и кои што јавно докажуваат дека сакаат реваншизам со мене иако од истото никад немало ни потреба нити јас тоа сум го заслужил, како да не дадам отказ кога голема сума на пари ми беше одбиена од платата ради банални и смешни срања произлезени од непостоечки/измислени ситуации од негова страна.

Најсмешен дел ми беше кога практички супервизоров у негови средни 30ти години и колегава во негови рани 40ти години седат на маса во близина на мене и ги слушам како јадат г*мна за мене кој сум практички скоро две децении помал од нив и како непостоечките ситуации ги ескалираат до максимум тражејќи минимален изговор да се јават кај шефот :pos:.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.484
Поени од реакции
10.049
кајги брале,

кој шо сака нека рече, ама у ваа калакурница од 2020та
само комарот е на нивоУ. толку за сега, ајт.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Ако имате лош ден или период ви го препорачувам овој лик.

Не памтам кога вака здраво сум се насмеал како деновиве, зошто тешко е да најдеш ваков хумор денеска.

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Треба да се смета за кривично дело ѕвонењето по телефон за работи кои можат да се средат/договорат со две пораки на Viber или пак уште пострашно, умарање за локации во време на кое и локалната биртија постои на Google Maps.
 
C

CoolIris

Гостин
Драга,

Толку време криев и кога конечно собрав храброст и јавно му кажав на @Beric Dondarrion дека ми се допаѓа, истиот момент добив јавна корпа и срцето ми се скрши..... :place:

Уште полошо.... дојде @bijons , лута затоа што ми се допаѓа нејзиниот единствен поддржувач и ми ги сруши сите соништа.

Ама јас нема да се откажам.
Среќата ги прати храбрите.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
16:00 (после ручање) Вариш едно убаво (не дека такво го варам ама ај) горко кафенце, седнуваш на тераса, си уживаш во синото небо. Птици пејат, гаврани врескаат, кучија лаат. Но не ти смета бидејќи сакаш животни, уживаш во тоа. Одеднаш еден 40 годишен вол, комшија, се избацува од доле ,,мааамо, мамооо (ја вика да излезе на тераса)!" Уживањето завршува.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Здраво брацози,брацолинки,бабуши,џипер,кајганџии.
Пристигна и мојот долгоочекувен мерч.
На ваше барање од еден тон пораки од типот ватто кога ќе можеме да носиме твој мерч,до муабети од ајде убрзај,па се до и да биде 5000денари ќе ти ја купиме.Како што може да забележите се работи за креативно лого,доста разиграно,модерно со ултра модерен изглед направено од Џон Дрндаровски-Мрца(за оние што живеат кај Лептокарија знаат за кој човек станува збор некој и го нарекуват младиот Финчер).МаЈицата е направена од 103.2% чист памук во чест на нашиот голем ромски лидер.(all lives matter)
Веќе првиот пакет нарачки од 150мајици тргна по карго.Луѓе ве сакам.
Една вака ќе добиете по цена од 1100денари доколкку се јавите во наредните 2 часа ќе ја добиете по неверојатна цена од 1099 нашите оператори ве очекуват.
Со почит од тимот на
A13usaonutL._AC_CLa_2140,2000_71y5nFy2V4L.png_0,0,2140,2000+0.0,0.0,2140.0,2000.0_UL1500_.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom