Драга Кајгана (виртуелен дневник)

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.910
Поени од реакции
21.923
Драа

Девојчиња знаеф дека мушки сакаф да глеаф голи мазни ноге летоска.Ама дали знаеф дека ни се гади од целулитни пудинзи, мемори пена сало,меко биено сирење :icon_mrgr:
Дај имајте осет, мноо експлицитна слика, барем вежбајте малце,стегните га тј бут што ви се распада.
Још па и шорцеви кратки, гузица ви ѕирка, што нешто секси изглеате,ептен на срце сте га ставиле муабет "да љуља".Мрзи ве да потрчите малце на кеј, а не ве мрзи нон стоп да га отфарате фрижидер и да бутате.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Дечки, ја не се разбирам ептен у политика, само гледам статуси на фејсбук што ќе ми се појават, некад на твитер некој ако каже нешто, и Мирко Попов ако постира нешто, па така формирам мислење.

Сакам да прашам, дали и друг го има истиов проблем, па не знам кај да постирам.

Ми кажаа дека треба да гласам за да се смени нешто во државава и дека со гласање ќе направам друг да не решава за мене.

Отидов. Гласав за Интегра.

Арно ама, гледам сега не вести викааат дека Интегра нема ниту еден пратеник, а ситуацијата е иста како и пред изборите. СДСМ планира да прави влада, ВМРО имаат пар пратеници зад нив, ДУИ се први од албанскиот блок и апсолутно ништо се нема сменето во државава иако Мирко Попов ми кажа дека ќе се смени нешто ако гласам.

Ама тоа и не ми е проблем.

Гледам на вести викаат дека партиите очекуваат да преговараат со ДУИ и дека новиот мандатар на владата ќе зависел од Али Ахмети.

Е сега. Прашањето мене ми е.

Јас не се викам Али Ахмети.

Дали овие од вестиве згрешиле нешто?

Дека мене ми кажаа дека ако јас гласам тогаш не дозволувам друг да решава за мене.

Јас гласав. Кој е овој Али Ахмети и зошто од него зависи а не од мене?

Поздрав, Мите од Стојаково.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
К, некој ги спомна погоре електричните тротинети. Стварно се безобразни шофериве нивни. Абе ни гледат кај возат ни бога молат. Нема ден некој за малку да не ме закачи по тротоар. Човек треба и на газот очи да си стави ради нив.
А особено па кога ќе ги видам на плоштад навечер. Луѓе таму со деца, овие, со полна брзина тераат, к** го боли што Мкд нема океан.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.714
Поени од реакции
37.693
Кајг,
се чудам на неколкуте членови како глумат лудило, ги читам и ми доаѓа :yid:штета што „Пинокио појавата“ не е присутна на форумов... па како го пишува постот и коментарот...да му расте носот.... па пишува уште, а лаже суши...па тоа расте уште носот...па уште лаже...па уште повеќе носот и да му удри во тоа мониторот да не може веќе да пишува и така носот да му остане неповратно 24ч, да не може да се движи да му дојде памет дека не е добро да се лаже, а најмалку некого кој знае колку е часот, па макар бил подалеку, а не во Миравци!:D

tenor.gif
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Штета што ја прекинале серијата, едни велат Јадран филм ги проневерил парите, а Јадран филм велат Тозија им барал рекет на кој не се согласиле, па им го прекинал договорот. Која и да е вистината, поставените видеа на Јутјуб уште од ноември 2017 (кои денеска ги изгледав) се супер, и штета што снимањето е прекинато ...
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Дк

Малкуцка да бидеме сериозни,и да доловиме актуелни случувања во животот на ватто.
Ангажиран сум работно последниов период како од дамна што не сум бил.Да не претерам од сабајле до вечер,едно спиење и толку ми е.Се чуствуавм уморно,јадам џанк фуд,и за тоа сум посебно напизден на самиот себе ама навистина ужасен тип на исхрана.Во ова време-невреме скоро сите јадења од појадок до ручек па се до вечера да ти се базират на сендвичари,пекари е катасрофа цело време сум нешто во движење треба да земам нешто да подигнам,да купам,па на работа си,па ти доаѓат луѓе едни други,па средуваш,раскреваш,континуитет на движење,активност,турбуленции и одвај чекам да заврши,а ова позитивна НО уморна тенденција ќе потрае,и во наредниот период.Ќе биде знам дека ќе биде верувам,убеден сум.Ама пак пролетуват оние мисли ајде да се оконча работава.Е сеа со оглед на тоа како ми се движи секојдневието,џанк фудот,И го оправдувам на некој начин но во вакви делови од животот каде што сте скарани со слободните работни часови и морате да бутате сваштарија(барем во мојов случај),и сеа си се присетувам на оној постон кој беше саркастично напишан,и сеа си го трасира патот кон реалноста или You Either Die A Брокула, Or You Live Long Enough To See Yourself Become The Паштета:pos:Не можу!:pos:Не можу!:pos:
Е сеа има друга работа се е у дисциплина,ако си ти мудоња,колку и да возиш на саат у денот,си селектираш храна,не потегнуваш по секој шит кој ќе ти се појави при рука,и ќе ти изгледа ко најлесно решение.Превземам одговорност,никој освен самиот себе како и секогаш.Главниот креатор си ти самиот.

Инаку пост кој ни доаѓа од 2015 месец Јануари:Овој статус се менува,и тоа на подобро.Дисфункционалноста отпаѓа од мода,и време е за функционалност понекогаш се потребни денови,некогаш месеци,некогаш години....

1595027722131.png

За на крај ве оставам со германските power rangers



Чувајте се.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Деновиве бев жртва на еволутивната несинхронизација меѓу човечките гени, ген кој поради влегување во својата зона на комфор и не пуштање на партиска фотелја не ги следел промените кои ги правеле другарчињата и после толку милиони години поголемиот дел од човечкиот род сме осудени да трпиме болка.
PAX9 е лидерот на таа партија (сигурно има и јатаци, ама во сенка) која додека другите гени следејќи го развитокот на мозокот и надворешните услови го прилагодувале човечкото тело, овој не сакал да отстапи од некаков си негов „рамковен договор“ и го оставил бројот на забите непроменет. Имало борба, имало обид за државен удар и некои индивидуи (околу 30% од популацијата) успеале да испреговараат за помал број на заби, но за жал останатите 70тина проценти се мачиме еднаш околу пубертетот со никнување на нови заби кои: или нема да има простор да излезат, или делумно ќе излезат, се расипуваат уште во никнување или одма после никнување, проблематични се за чистење, проблематични за вадење (во многу ситуации мора оперативно) и уште полошо, немаат никаква функција.

Е поради него немав око склопено цели 3 денови, тиранинот се имаше притајно воспалено, ми ги имаше пореметено комплет непцата наоколу и веќе не знаев ни што ме боли ни каде ме боли и буквално ме поремети. За жал уште ќе ме ремети во следните 2-3 недели во зависност од тоа дали ќе се откаже од својата позиција со мал отпор или ќе мора да се инволвираат и специјалните единици за поопасен масакр и насилно протерување од мојата вилица (тужете ме за изјавата дека ќе ако треба и ќе го масакрирам ѓубрето, колку и да е фашистичка, исправна е :D).

Е сега од целото лошо и арно, барем имам одговор на прашањето: што прво би направил ако се збогатам?
Би ги променил сите мои природни заби со најдобрите импланти, а можеби и ќе си земам во ропство еден стоматолог што секое утро ќе мора да ми направи детален преглед за да не мора додека сум жив да трпам болка од заб.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Вака преговарале нашите на времето, Чарли штеди и куршумите...

 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.930
Поени од реакции
17.936
Драга

Гледам актуелен на една твоја тема е васко хефтов (како што го вика јоци), па да се присетиме на еден настан со дотичниот. 2010-2011 го додадов во пријатели на Фејсбук и ликот ни помалку, ни повеќе ме замоли да влезам во групата која му била фан база. Јас му реков дека не можам да влезам, затоа што имам забрана, бидејќи пред тоа имам влезено во 10020201 групи и бадијала бришам кога не оди. Ликот ме убедуваше 15 минути, ја му објаснував дека не можам и на крај се откажав, а клошарот ме избришал од листата на пријатели.

Исто така пред некој ден гледав нешто на јутјуб гледам нешто и ми излезе видео каде серољуб идеш под мач бато петровиќ го фали гореспоменатиот како врвен новинар. Тешко на оние новинари кои се професионалци цел живот и не го мењаат дресот на политичката партија како васко хефтов.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.699
Поени од реакции
31.760
,,,DrK,,, interesno kako vo francija Nant , povtorno gori edna od najubavite i najgolemi katedrali vo evropa,,,,
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
ДК,

спотот се врти некое време низ социјалните мрежи и дури пред некој ден го изгледав.
Мажите, нели Македонците, и покрај брадите се толку пичкасти, како девојчиња, оваа меаниката за доручек по двајца ќе ги смота. На еден му ја земаат девојката и тој наместо да го учука соперникот, типично македонски крши чаша во ресторан што е као македонско граѓански. Не верувам дека имало било кога такво нешто во Македонија, а цилндар веројатно никогаш не се носел. Или тоа е можеби во Софија?

 

Kajgana Shop

На врв Bottom