Драга, што фино си станав сабајле без галама. Во обичните викенди уште у 7 саат некој ако не списка на улица не му проаѓа денот, а ти си решил да отспиеш асално до 8 и пол 9. Што убаво на раат си ги извршив утринските ритуали, истегнување во кревет, истегнување надвор од кревет, некое склекче, некое стомачно, успут нешто друго, пиење чај на гладно срце, сето тоа зачинето со музика (секако не гласна, имам усул).
Сабајле читам нешто на ФБ за еден јапански доктор. Кажал некои правила за подугачок живот. Едно од тие правила гласеше да не се користи лифт, пешки да се оди. Си викам па човеков баш како за мене да збори. Кога ќе се качам у лифт со комшии и кога ќе почнат да ме замараат со едни исти прашања 5 години уназад го добивам она чувство дека 5 години на зградата да и зборев ќе запамтеше. Затоа терај си пешки, ем физички ем психички подобро.
Како и сите останати и јас едвај чекам да дојде утрешниот ден. Искача нова епизода Боруто. Се надевам дека нема да го тупат со епизодава и ќе кажат нешто корисно у неа и дека ќе откријат некоја мистерија. Иначе џабе ќе биде чекањево.