Драга Кајгана (виртуелен дневник)

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
ДК

Ми треба помош. Барам песна. Не ми текнува ни име ни текст само интонација.

О оо оо О оо оо.

Вака почнува можно е фразата "get away" да е во песната. Би требало рок да е али не сум сигурен. Ако му текне на некој нека пише инбокс.

П.С Се мислев два дена од кога го пишав статусов за 2 минути ми текна.

Seven Nation Army btw

П.С2 The lord works in misterious ways.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не пишувам често фалби за работа ниту пак гњавам на Инстаграм со work work и како се тоа ни е розево во фирмата бидејќи во ниту една фирма ништо не е се розево и ниту па сакам да знаат луѓево како ми изгледа масата, меѓутоа МОРАМ да пишам дека стигнавме до Time
Балканска компанија стига до влијателен западен медиум потпрена чисто на професионалност и ништо повеќе, значи кога се сака, се се може и никој не те хејта беспредметно.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
"Другарка ми" ме нарече болна личност откако решив да се дистанцирам од нејзе бидејќи правеше некои работи кои нормален човек во брак не би ги правел а под тоа мислам да го прави будала маж и' и ред други личности кои не знаеја за каква личност се работи.
Всушност, после добивање на неколку години негативна енергија од нејзина страна испадна да сум ментално пореметена личност бидејќи не можам да трпам такви гадости.
Also, во целото мое долгогогодишно другарство со нејзе таа потфрли кога ми беше најпотребна.
Не ми требаат мене личности во мојот живот полни со негативна енергија, ги нема кога се најпотребни и ме прават будала а јас да се карам со домашни само за да ја прикривам нејзе за само дотичнатата да биде среќна.


Луѓе, внимавајте со кого се дружете.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Си тегнам нес у десет за пет сабајле, дувам пола џоинт со полуотворен прозор после напета работна недела, си размислувам шо да праам викендов, кај да се упокојам од алкохол, го листам умрениов форум на кој баш во овие моменти се котат ботови и умараат со огромни наслови на латиница и налетувам на ова...

upload_2019-4-6_4-43-19.png

Види го Вори, им пишува на ботови, ај си рекол штакурац бе, мош ми реплицираат hhhhhhhhhhhhhh.


Него иам нов хит, мерак ми е вака коа некоја екипа шо сум ја приметил пред 4-5 години кај шо биле копиљаци и снимале бош фристајлови и двоминутни траки со пресмешни спотови ќе отидат на следен левел и ќе извадат нешо ептен профи и квалитетно.


samo cool vibe <3
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Бидејќи кријам многу работи од блиските ми луѓе. па кога татко ми ќе ме праша едно обично дали сум добар или арен и сличен тип на муабети, кај мене веднаш се активира дефанзивниот систем и почнувам да размислувам за што се има дознаено од стварите што сум ги праел/прам/напрајл. Изгледа како мал така ме фаќал кога ќе сум напраел нешто.
Не дека е нешто битно, колку да се чкрапни нешто. Сигурно е повеќе интересно ако пишувам за работата или слични нешта од животот.

Живот = жив оток, по ток, жито, возиш покрај поток со на тебе оток, додека над тебе виножито ти го осветлува патот.

Бла,бла,бла, дрн, дрн, дрн, јара, јара, јара
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.127

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Господи боже Исусе Христе помилуј ме мене грешниот...

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Драга да ти кажам кога ќе употребиш речник на политичари дома работите поубаво звучат...

Така на пример вчера со жена ми многу јако орално се возбудивме ...

... мислам одлично звучи нешто што беше двосатна кавга и расправија за глупости и ми се крена притисокот 200
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.121
Поени од реакции
28.870
Кајги...
Таман ќе ја заборавиш и ќе пополниш емоционална дупка у гради ќе земе ќе ти пише...иди бе шо ми правиш.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.476
Поени од реакции
16.090
Разбирам дека ни работниците не се цвеќки за мирисање, ама сите газди, менаџери и шефови би ги праќал еднаш годишно кај психијатар и на тешки психолошки тестови. Оние нема да ги поминат нема да им дадат да работат или да се сопственици минимум пет години.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
Си ја пофалив баш на темава зградава нова каде што се преселив,на прв поглед 10ка,а уствари тука да ти било осило,нуклеарка со тајмер ама бил подесен после година и половина да рокне.Тој над мене од 4ти спрат почна секојдневно да ја убива жена му од ќотек,сироти дечиња едното 5 годинки а другото 3 цели шест месеци се убија од плачење и вриштење.Фала богу што се разведоа и си ги зема децата жената.Кој психопат би ја тепал жена му до помодрување па уште пред дечињата?Тој на приземје почна дрво пијан да ги ренда колите на паркирање ноќе кога доаѓа,цела зграда колите салата ни ги направи.Дојде некоја нова чистачка,една скала чисти другата буквално како со кал намерно да ја мачка.Вратата бравата ја сјебаа,месец дена покушавам да се организираме да ја поправат,на крај викнав мајстор му дадов 2 иљадарки ја среди,баш да видам до кога.Кога живеевме претходно во куќа купувме прилично скуп точак за жена ми.Минатото лето од страв да не го украдат не го возеше бидејќи е тежок да го качува по скали на трети а надвор не ни се остава.Фино лепо станар по станар ги прашав пред недела дена дали ке пречи точаков пошто е прилично скуп да го заклучуваме у влез,нема проблем комшо,слободно уопште не ни пречи.До сега сите точаците ги чуваа пред зграда зимо лето потпрени на оградата,вечином стојат едно 3 години непомрднати,не ги возат.Да не ги навредам ама се некои точаци од најмногу 1500 ден половњаци,да ти е гроза да ги гледаш а не пак да ги возиш од што се прљави.Сите заедно да ги собереш еден нормален точак неможеш да склепаш.Прва вечер оставање точаков у влез,утредента уште 7 други унутра еден преку друг,нема шанси да поминеш.Ај да не ги прашав,ке си речев за инат,љубомора ли што ли.Вака човек навистина незнае што да си помисли.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom