Драга, а бе напнав со соновиве ама... што да правам.

По точно шетстипат го сонувам истиот лав. Ми рекол нема никаква корист од тебе, јас тебе ќе те изедам. Јас цела преплашена, не знам на која страна да бегам, одам на тераса, го заклучувам комарникот (после ми текнува дека лавот лесно може да ја откине мрежата), во меѓувреме лавот ме бара низ цел стан и мајка ми му се дере: - Доста правиш отвори/затвори со вратите, ми ги раскрцка и промаја бие. Јас во тој момент, сум го земала лаптопот со мене, свесна дека ќе умрам и сум почнала да бришам историја од пребарувачите, зачувани пасворди од социјални мрежи, све тоа, да не се види што сум гледала.

Кога се разбудив, уште ми беше страв од лавот.
И после зошто не сакам веќе да одам во зоолошка? За ќеиф.

Иначе ја арна, го скршив по грешка чадорот и така во одење го поправав, не гледав баш кај одам, се утепав на прав пат. Ај барем не е снег, дожд е.

Ај, чао.
